Uncategorized
Претставата „Граница“ на „Скопско лето 2009“
Камерниот проект „Граница“ од Венко Андоновски, во режија на Софија Ристевска утревечер, со почеток во 21 часот, ќе биде изведен во претседателскиот апартман 916 на хотелот „Континентал“, во рамки на „Скопско лето 2009“
Оваа претстава, чија премиера беше во февруари оваа година, е проект на Малиот драмски театар од Битола и Новиот градски од Охрид. Формирањето на овие два театри од страна на поранешниот министер за култура Благој Стефановски претставува една алтернатива на театарската политика кај нас, но пред се‘, нов начин за продуцирање претстави кои ќе го потенцираат најважниот момент во театарското творештво – актерската игра, како и специфичните простори во кои таа се создава.„Граница“ зборува за тоа колку политиката навлегува и располага со човечката индивидуа. Оваа претстава јасно покажува дека општеството, дури и кога е најагресивно, не смее да да го повреди просторот под покривката на креветот. „Општеството почнува од онаа страна на мојата кожа и сакам секој владетел тоа да го почитува. Сето друго, исцртувањето на сите граници е работа на договор на големите светски сили…“ – Венко Андоновски.
Поради специфичниот простор, претставата ќе се игра пред публика од дваесетина луѓе. Играат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Јоана Поповска и Борис Чоревски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.
Uncategorized
(Видео) Инцидент со уште еден авион на „Боинг“: принудно слетал во Норвешка поради проблеми со моторот
Авион на холандската авиокомпанија „КЛМ“ принудно слета во Норвешка откако имал проблеми со моторот за време на летот, но немало повредени, соопшти норвешката полиција.
Во соопштението се наведува дека Боингот 737, кој летал од Осло за Амстердам, принудно слетал синоќа во јужна Норвешка по технички дефект што се случил непосредно по полетувањето.
KLM 737-800 Skids Off Runway at Oslo Torp After Hydraulic Failure
– Bart Noëth #aviation https://t.co/9HkJ1zi21Nhttps://t.co/XafsWjG0fm— Aerospace News by HYPE (@HypeAviation) December 29, 2024
Сите 182 лица во авионот, вклучително и екипажот, не се повредени, објави „НЛ Тајмс“.
Локалните медиуми јавија дека пилотите забележале чадење од левиот мотор.
Video shows KLM flight #KL1204 skidding off the runway after an emergency landing at Torp Airport. The Boeing 737-800 (PH-BXM) was en route from Oslo to Amsterdam when it experienced a hydraulic failure. Thankfully, no injuries were reported.
Video @mackjacklar#BreakingNews… https://t.co/5OE4h79YSV pic.twitter.com/JPxxkM3zuL— Antony Ochieng,KE✈️ (@Turbinetraveler) December 28, 2024
Откако авионот безбедно слетал, патниците ракоплескале.
#BreakingNews: KLM Flight #KL1204 Skids Off Runway After Emergency Landing at Torp Airport,Norway 🇳🇴
A KLM Boeing 737-800 (#PHBXM) operating flight KL1204 from Oslo to Amsterdam faced a harrowing emergency landing on December 28, 2024. Shortly after takeoff at 18:00 CET, the… pic.twitter.com/HZWwluQwCi
— Antony Ochieng,KE✈️ (@Turbinetraveler) December 28, 2024
По инцидентот, почна истрага за причините за инцидентот.
Во меѓувреме, авионска несреќа се случи во Јужна Кореја, кога Боинг 737-800 се обиде да слета на трупот. Авионот се излизгал по пистата, а потоа удрил во ѕид и експлодирал. Според последните информации загинаа 176 лица, а спасени се двајца членови на екипажот. Истрагата за причината за падот на јужнокорејскиот авион може да трае и до три години.