Uncategorized
„Звуците на харфата“ – концерт на Мерсиха Шукри

Во Даут пашиниот амам утревечер, со почеток од 20:30 часот, ќе се одржи концерт на Мерсиха Шукри на харфа. Концертот е во рамки на „Скопско лето 2009“
Мерсиха Шукри е родена во Скопје. Своето музичко образование го започнува изучувајќи пијано, а го продолжува во средното музичко училиште МБУЦ “Илија Николовски Луј” на одсекот харфа. Дипломира на ФМУ во Скопје во класата на проф. Лејла Урманова (Русија) како прв дипломиран харфист во Македонија. За време на студиите соработувала со Македонската опера и балет и со Македонската филхармонија. Магистерски студии завршува во Белград во класите на проф. Милица Бариќ и проф. Љиљана Несторовска. Таа е единствениот магистер по харфа во Македонија. Добитник е на повеќе републички и меѓународни награди како солист и како камерен музичар. Редовен учесник е на интернационалниот фестивал за харфа во Белград. Се усовршувала на мајсторските курсеви кај интернационални солисти и професори по харфа, меѓу кои: Кетрин Мишел (Франција), Елизабет Бинош (Франција), Јана Бошкова (Чешка), Ана Левина (Русија), Иван Ронче (Романија), Моника Штадлер (Австрија), Сузан Милдониан (Белгија), Патриција Тасини (Италија), Кетрин Финч (Англија), Ширин Панџаролу (Турција), Фабрис Пјер (Франција), Наталија Шамеева (Русија), Мариел Нордман (Франција) и Изабел Морети (Франција). Како харфист има остварено бројни концерти на „Скопско лето“, „Хераклејски вечери“, „Денови на франкофонија“, „Есенски музички свечености“. Настапувала како солист со Мандолинскиот оркестар „Скопје“ и гудачкиот камерен ансамбл “Арко”. Концертирала и надвор од нашата држава, во Србија, Словенија, Косово, Франција, Унгарија. Минатата година за првпат ја претстави Македонија со учество на 10-от јубилеен светски конгрес за харфа во Амстердам, како дел од најголемиот и најдолг оркестар од харфи и влезе во Гинисовата книга на рекорди. Има остварено аудио и видео снимки за МРТВ. Иницијатор и член е на интернационалното трио „РАСМЕР” – харфа, флејта, виола. Член е на оркестарот „L’art a part“ за филмска музика. Постојан соработник е на Македонската филхармонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 Октомври – Светскиот ден на храната

Со мотото „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина“, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот што го организара Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври – Светскиот ден на храната.
Во рамките на настанот, кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесетгодишнината од основањето на ООН и ФАО, претставници на АХВ на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна – летоци, лифлети и торбички.
ФАО во рамките на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа преку владите, организациите, секторите и заедниците активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување услови секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана живеејќи во хармонија со планетата.
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјата од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамките на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг-програми, кои се спроведуваат во АХВ, чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.
Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.