Uncategorized
Grande Moriccone
Маестро Мориконе не’ удостои со неговото присутво. Концертот беше величествен, монументален и вонсериски музички настан во сосема соодветен амбиент.
Антички театер, Охрид. Влегување во 20 часот. Почетокот е најавен за 21. Проблеми со ненумерирани седишта, стани, премести се, па пак стани… Дами и господа со лесна гардероба, шлицеви, деколтеа, голи рамења, пак стани-седни. Заладува. Тројцата претседатели пристигнуваат навреме, а сепак се доцни со почетокот 30 минути. Хорот и оркестарот се веќе на бината. Пред бината и наоколу Римско антички воини и воинки со факели. Тие се потопло облечени, со панцири и скуталиња. Го чекаме големиот (мал по раст) Мориконе… Но, уште не! Најпрвин “професорот” Џорлев со осмоодделенски поздравен говор преполн со квазипоетски синтагми, метафори и зборовни украси од типот, вечна, фантастична, вселенска, света, преубава, прекрасна, божја, традиција, па уметност, па култура… па сето тоа извесна водителка го повторува на лош англиски акцент… И сега Мориконе!?… Пардон, сега од името на артистите (Џорлев зборуваше од името на музичарите) Дејан Лилиќ ни крив ни должен со нешто поартикулиран, но сепак речиси излишен текст (нормално со истиот водителски англиски)… А сега големиот Мориконе… Но фестивалот се уште не е официјално отворен. Како последен говорник е најавен Џорџо Иванов, како што Енио го ослови македонскиот претседател малку подоцна, со текст за кој постои основано сомневање дека не е негов, но, и исто такво сомневање дека и тој што му го напишал е недоветен и лош компилатор на потрошени и бајати метафори, срочени без здрава логика и духовен потенцијал, ама и тоа бидна, конечно: “Го прогласувам фестивалот за отворен”!Сега е веќе 22:15 часот. На некои од подразголените гости (особено гостинки) веќе им се тресат вилиците од студ, а богами еден пар и си замина.Финалменте Enio Moriccone, аплауз силен, громогласен, искрен, за разлика од оној претходниот, млак и сремежлив.
„Беше еднаш во Америка“, со тема од овој филм на Серџо Леоне почнува концертот. Потоа уште една тема од истиот филм, па потоа од „Синема Парадизо“, ама следната не ми е позната! Јас кој и професионално се занимавам со филмска музика не ми текнува од кој филм беше… и на следната не бев сигурен… а програмчиња немаат отпечатено… За присутните е вистинска енигма која музика од кој филм е, како на филмски квиз. За многумина беше и тајна дека оркестарот е од Будимпешта, дека хорот е на Македониската Опера и Балет. Како и да е, оркестарот и хорот звучат моќно, мора да се признае дека изведбата во живо сепак е посебно доживување, иако повеќето композиции сме ги слушнале по сто пати. Во мини паузите со аплауз студот веќе зема нови жртви од разголената публика. Следи, „Се случи еднаш на Дивиот Запад“ и една госпоѓица во црвен фустан со исклучителен сопран и интерпретација го доведе гледалиштето до екстаза… Ама името никој не и го знае. Пееше таа уште еднаш, на бис, но остана анонимна. А пред бисот си заминаа уште многумина разголени и веќе расшмркани.Доаѓањето на Мориконе во Македонија е мал подвиг на организаторите, но големите пропусти во протоколот и организацијата се мала утеха дури и за толерантна публика. Единствено што ним не може да им се припише како грев е тоа што тие никако не беа виновни за студеното време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

