Uncategorized
Жиците на мајсторството и емоциите
Концертот на канадската виолинистка Ралица Чолакова на Скопско лето
Концертот на канадската виолионистка Ралица Чолакова во вторникот (14 јули) во Музејот на град Скопје, во рамките на Скопско лето, можеби не е настан од калибарот на „француската буржоаска револуција“ (која се слави на истиот ден) во класичната музика, но сигурно спаѓа во оние настани чие скромно одбележување не е на одмет. Напротив. Често пати е неумешно да се плеткате во сферите за кои не сте експерт, но доволно е да се биде и „верзиран аматер“, или барем обичен, простодушен љубител, за да забележите дека виолинистичкиот рецитал на Ралица Чолакова, во пијано придружба на Зорница Радионова, е еден од оние „мали“ доживувања кои со случајната пријателска покана за овој настан непоправливо ја менуваат вашата убеденост дека „не се разбирате“ во класичната музика. И не е потребно кој знае колку да се разбирате: големите уметници како Чолакова се такви – големи – затоа што за еден час од рециталот знаат да изберат репертоар со вистински пресек на позначајните музички дела напишани за виолина… Така, делата на Виљем де Феш, Менделсон, Ерика Раум, Морис Равел, Коен Дежонг, Пјацола и др. во нејзината изведба прозвучуваа мајсторски точно, но и човечки „топло“: музичките критичари ќе го кажат останатото. Канадската виолинистка Чолакова, по потекло од Бугарија, се школувала на музичките академии во Софија и Виена (Австрија), а подолг период студиски престојувала и во престижниот Центар за уметности „Banff“. Има настапувано како солист со оркестри на камерна музика на голем број концерти и фестивали во Австрија, Аргентина, Белгија, Бугарија, Канада, Хрватска, Чешка, Данска, Франција, Еквадор, Германија, Русија, Словенија, Србија, Швајцарија, Унгарија, САД… Добитничка е на бројни стипендии и награди, а нејзината уметничка зрелост ја достигнува во Канада, каде што нејзините цедеа се наоѓаат во врвот на канадската аудио-продукција. Нејзините концерти постигнале рекордна слушаност на радиото CBC и на другите радио-станици во Канада, но и во Аргентина и во Бугарија. Но, Чолакова се занимава и со публицистичка дејност: нејзините трудови „Стапките на вечноста за животот на Моцарт“ и „Жени композитори во градот Квебек“, како и докторскиот труд „Канадски виолонистички концерти и нивните стилски карактеристики“ се уште еден дел од нејзиниот уметнички мозаик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

