Uncategorized
Над 300.000 Молдавци во Британија на „мала врата“
Стотици илјади емигранти од Молдавија, најсиромашната европска држава, си осигураа на „мала врата“ влез во Велика Британија, пишува денеска лондонски “Дејли Мејл“.
Стотици илјади емигранти од Молдавија, најсиромашната европска држава, си осигураа на „мала врата“ влез во Велика Британија, пишува денеска лондонски “Дејли Мејл“.
Весникот прецизира дека повеќе од 300.000 Молдавци си обезбедиле пасоши на Романија, со што веднаш по нејзиното присоединување во Европската Унија (ЕУ) на 1 јануари 2007 години, ќе ги имаат апсолутно истите права како и нивните западни соседи.
“Дејли Мејл“ потсетува дека британските експерти процениле дека над 600.000 имигранти од Романија и Бугарија ќе нагрнат на Островото во потрага по работа. По откривање на „молдавската врска“ се проценува дека бројката на имигранти ќе се искачи на близу еден милион.
Британците беа сведоци на огромен бран емигранти по претходно проширување на Унијата во 2004 година, кога пристапија осум поранешни комунистички држави.
Стравот од наплив на Молдавци во Британија, весникот го поткрепува со фактот, што дури четири петини од граѓаните на Молдавија живеат под работ на сиромаштијата.
“Иако немаат право слободно да влегуваат во земјите на ЕУ, дури секој четврти работоспособен Молдавец ја напуштил државата во потрага по работа во странство“, пишува „Дејли мејл“.
Весникот појаснува дека секој жител на Молдавија, која до втората светска војна беше дел од Романија, а подоцна во состав на СССР, има право да аплицира за романски пасош, доколку еден од неговите претци бил Романец.
Ова е дополнителен товар за британскиот министер за внатрешни работи Џон Рид, кој веќе е на удар на јавноста поради политиката на „отворени врати“ што ја спроведува британскиот имиграционен систем.
“Беше ветено дека ќе бидат наложени ограничувања за влез на Бугари и Романци, а со тоа и на Молдавци, кои ќе бараат работа на островото. Иако властите ќе настојуваат внимателно да ја контролираат имиграцијата, никој не ќе може да ги сопре имателите на пасошите на Бугарија и на Романија слободно да влегуваат во Британија и да работата на „црниот пазар“, заклучува “Дејл Мејл“.
/крај/бг/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

