Uncategorized
Македонска уметност во Сплит
Дела на ликовниот уметник Александар Јанкулоски –Цане се поставени на изложба во градската библиотека „Марко Марулиќ“ пред хрватската јавност, како дел од манифестацијата „Есен на македонска култура во Сплит“
Уметнички дела на македонскиот сликар Александар Јанкулоски – Цане од вчера се поставени пред љубителите на ликовната уметност во градската библиотека „Марко Марулиќ“ во Сплит како дел од манифестацијата „Есен на македонска култура во Сплит“. На отворањето на изложбата, која ќе биде поставена до 29 овој месец, покрај бројните посетители Македонци кои живеат и работат во Сплит, беа присутни и личности од политичкиот, општествениот и културниот живот во овој хрватски град. За делата на Цане, и значењето на неговото ликовно творештво говореше историчарката на уметност Виолета Крстиќ, која беше и куратор на поставката во Сплит. „Она што е од круциелно значење е неговата смела недвојбена определба во периодот на големите историски превирања на политичката сцена кога секоја одлука и отстапување од воспоставената соц-реалистичка догма значеше воедно и ризик. Тоа беше пресвртница во дотогашната историја на уметност од револуционерен карактер во која Александар Јанкулоски ја имаше улогата на предвесник, основопоожник на современите правци во нефигуративнатата апстрактна уметност, а особено во енформелот. И во таа изразна определба во енформелот, ја запазува симбиозата меѓу етиката и естетиката повикувајќи на традицијата, на автохтоното“, истакна Виолета Крстиќ на отворањето на изложбата. Според неа, целиот опус на Јанкулоски е длабоко вдахновен, инспиритран, проткаен и посветен на македонското минато, сегашност и иднина. Изложбата е организирана од страна на македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит, со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Советот за националните малцинства на Република Хрватска. Таа е дел од манифестацијата „Есен на македонската култура во Сплит“ и како што потенцираше Ангел Митревски, претседател на МКД „Македонија“ Сплит и претседател на Заедницата на Македонците во Хрватска, вакви настани се од особено значење на Македонците во Хрватска, но и за самите уметници кои поставуваат мостови на соработка и зближување не само на двата народи македонскиот и хрватскиот, туку и на двете земји, кои ги негуваат воспоставените пријателски односи. Јанкулоски досега има организирано бројни самостојни и групни изложби не само во Македонија, туку и надвор од нејзините граници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram

