Uncategorized
Почина легендата на шпионажата Маркус Волф
Легендата на светската шпионажа Маркус Волф, почина синоќа на 83.годишна возраст, соопштија неговите роднини. Смртта се совпадна со 17 годишнината од падот на „Ѕидот“
Легендата на светската шпионажа Маркус Волф, почина синоќа на 83.годишна возраст, соопштија неговите роднини.
Волф, кој 30-тина години беше на чело на Главната разузнавачка служба на Источна Германија, која работеше под закрила Министерството за државна безбедност – „Штази“, се смета за еден од најголемите шпионски умови за време на Студената војна.
Тој во периодот од 1958 до 1987 година, со голем успех раководеше со разузнувачката служба на Источна Германија, која за тоа време имаше во своите редови околу четири илјади добро обучени агенти за операции во странство.
Маркус Волф е роден во 1923 во Хочинген, во денешната покраина Баден Витенберг. Татко му, Фридрих Волф бил писател и филозоф, а брат му Конрад Волф, познат филмски режисер. Неговото семејство бега од Германија по доаѓањето на Хитлер, најпрво во Швајцарија, а потоа во тогашниот Советски Сојуз, во Москва, која ја напушта по нападот на Германија на СССР.
По краток период поминато во Алма Ата, Казахстан, каде се приклучува кон Коминтерната и се обучува за тајни задачи зад непријателските линии. По Втората Светска Војна, Волф е испратен како новинар во Нирнберг, каде ги следи судските процеси против нацистите за потребите на државното радио во Советската окупациона зона во Берлин.
Во 1953, на 30 годишна возраст, Маркус Волф е еден од луѓето што ја формираат разузнавачката служба во рамките на „Штази“, а веќе во 1957 година доаѓа на нејзино чело.
Како шеф на разузнавањето постигнува вонредни успеси во пенетрирање во највисоките кругови во тогашните западни земји, а посебно во штабот на НАТО и во највисоките политичките кругови на Западна Германија.
Негов најголем успех се смета повеќе годишното незабележано шпионирање на германскиот канцелар Вили Бранд, преку Гинтер Гилами, кој како фингиран бегалец во 1956 од Источна Германија, пенетрира во хиерархијата за партијата на Бранд и станува негов близок соработник и пријател, а неговата сопруга му беше личен секретар на Бранд.
Гилами е откриен дури во 1974, што предизвика пад на канцеларот Бранд. Две децении подоцна и Гилами и Волф ќе признаат дека падот на Бранд не бил планиран и затоа, оваа операција која се изучува во сите разузнавачки школи, тие лично ја сметаат за грешка на Штази.
– Шпиуните ги регрутиравме на најразлични класични начини – притисоци и уцени, пари, секс и тие беа успешни…но, уште од самиот почеток, сметам дека најголем успех постигнавме преку шпионите кои тоа го правеа од идеолошки причини, изјави Волф во едно од ретките интервјуа за Студената Војна, дадено во 1998 година.
Маркус Волф ја напушти раководната позиција во разузнавањето во 1987 година, нецели три години пред паѓањето на Берлинскиот ѕид и во тоа време се сметаше за поддржувач на „Перестројката’ и „Гласноста“ на последниот Советски лидер Михаил Горбачов.
Во едно интервју објавено во загрепски „Глобус“, актуелен германски познавач на работата на тајните служби и член на парламентарна комисија за нивна контрола, изјави дека Волф преку Советската КГБ, знаел уште на почетокот од осумдесетите години на минатиот век дека ќе дојде до слом на комунизмот.
По паѓањето на Берлинскиот ѕид, Маркус Волф бара азил во Австрија и во Русија, но е одбиен, по што се враќа во Германија. Во 1993 е осуден на 6 години затвор, но се жали до Врховниот суд, по што, во 1997 пресудата му е укината.
Волф почина во деноноќието кога се одбележува 17 години од уривањето на Берлинскиот ѕид.
/крај/тб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

