Uncategorized
Американските сили ликвидирале девет членови на „Ал Каеда“
Американските сили ликвидирале девет членови на терористичката мрежа „Ал Каеда“ во Ирак, во операција извршена во областа Јусуфија, јужно од Багдад.
Американските сили ликвидирале девет членови на терористичката мрежа „Ал Каеда“ во Ирак, во операција извршена во областа Јусуфија, јужно од Багдад.
Ова денеска го соопшти воен претставник, додавајќи дека други девет осомничени претставници на „Ал Каеда“ се уапсени.
Операцијата ја извршиле американски копнени и воздушни сили, а според информациите, убиените членови на организацијата биле потенцијални бомбаши самоубијци затоа што носеле појас со експлозив.
/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
(Видео) Руска вселенска капсула слета на Земјата, поставен нов рекорд: астронаутите поминале 374 дена во вселената
Руската вселенска капсула „Сојуз МС-25“ слета денеска во степите на Казахстан со двајца руски и еден американски астронаут, кои престојуваа на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Капсулата „Сојуз“ со космонаутите на „Роскосмос“, Николај Чуб и Олег Кононенко, и астронаутот на НАСА, Трејси Дајсон, слета на Земјата во 11.59 часот по локално време, јавува „Ројтерс“.
Кононенко и Чаб заминаа кон вселенската станица на 15 септември 2023 година и во петокот го поставија рекордот за најдолга континуирана мисија на ISS поминувајќи вкупно 374 дена во вселената.
Welcome home!
The Soyuz MS-25 spacecraft, with NASA astronaut Tracy C. Dyson and cosmonauts Nikolai Chub and Oleg Kononenko aboard, landed in Kazakhstan at 7:59am ET today. More… https://t.co/RYIAX6voqf pic.twitter.com/HCAewHyjik
— International Space Station (@Space_Station) September 23, 2024
Uncategorized
Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете
Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија страшна трага на уништување од Романија до Полска, со тони кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и на крајот од драмата во срцето на Европа, сметките за штети ќе се мерат во милијарди долари.
Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на зградите.
Германија им дојде на помош на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.
“If you see German soldiers, don’t panic. They’re here to help,” says Polish PM @donaldtusk after announcing that German troops were volunteering to help tackle the floods in Poland pic.twitter.com/h8XwO2egG3
— Daniel Tilles (@danieltilles1) September 19, 2024
„Ако видите германски војници, не паничете. Дојдоа да помогнат“, рече тој.
Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.
За време на германската окупација 6 милиони Полјаци ги загубија животите, а повеќе од илјада села и градови беа срамнети со земјата.
Uncategorized
(Видео) Во БиХ падна првиот снег
Во Босна и Херцеговина падна првиот снег на планините Бјелашница, Јахорина и Влашиќ. До утрово остана само на Јахорина, покажуваат веб-камерите.
Според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки завод денеска во БиХ ќе биде претежно облачно.
Претпладне се очекуваат врнежи од дожд низ земјата, а на планините можен е и слаб снег.
Вака изгледаше Бјелашница синоќа.