Uncategorized
Изложба на Благоја Николовски
Оваа вчера отворена продажна изложба во Галерија „Арт кичен” (ГТЦ), претставуа Исклучително ретка прилика љубителите на сликарството по повеќе од 20 години повторно да се сретнат со делата на овој извонреден уметни
Благоја Николовски и’ припаѓа на генерацијата современи македонски сликари чии творечки остварувања воспоставуваат длабока врска со живото класично сликарство. Иако се изложени само 6 масла на платно, средбата со сликите на Николовски е вистинско естетско доживување.„Николовски има јасен и прецизен цртеж, композиција што се граничи со перфекција, контрасти на светлото и темното, во која доминира поетска и човечка меланхолија”, пишува Владимир Георгиевски за сликарството на Николовски. Роден е во 1944 г., во Скопје. Завршил училиште за применета уметност во Скопје, 1965 г. Студирал во Париз на школата за убави уметности. Досега реализирал повеќе самостојни и групни изложби, а неговите дела се наоѓаат во Франција, Германија, Австралија, Канада, Турција, Хрватска, Србија, Црна Гора…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.