Контакт

Uncategorized

Изложба на скулптурите на Арнаудов во Прилеп

Објавено пред

Утре во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ во 19 часот ќе биде отворена изложба на скулптури, слики и цртежи од академскиот уметник Симеон Арнаудов, кој ќе се претстави со 30 дела преку кои ќе може да се проследи континуитетот и определените константи во неговото творештво

Скулптурите се направени во камен блок и преку нив се ослободени облици со органски белези кои ја имаат силата и убавината на природата од која настанале. Всушност, идејата за делата се раѓа во една глава, живее во едно суштество кое ја изнесува на светлината на денот, вели Арнаудов. Делата се составени од апстрактни ритми на меко заоблени форми издлабени  од едно парче мермер, на чија површина Арнаудов врежува линии чиј ритам е комплементарен со внатрешниот ритам на скулптурата со ритамот на надворешните контурни линии на делото. Скулптурите на авторот ги следат сензациите на човековото опкружување и многу пријатно делуваат. Оттаму, Владимир Величковски за делата на Арнаудов ќе рече „дека авторот одбрал да соработува со природата и во моментот на вдахновението на скулптурата и дава човечка смисла на убавина.“Симеон Арнаудов е роден 1943 г. во Стојаково, а по основното и средното образовани завршува Академија за ликовни уметности во Белград во 1969 г. во класата на Јован Кратохвил и Миша Поповиќ. Во тој период ја посетувал Школата за убави уметности во Париз. Од 1980 г. е член на ДЛУМ. Има повеќе самостојни и групни изложби, учествувал на ликовни колонии во земјата и странство. Добитник е на наградата  златна плакета ,,Нерешки мајстори“ и на ДЛУМ „Голема графичка награда“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Лопез и вереникот Родригез на отварањето на празничните прозорци на Менхетн

Објавено пред

Џенифер Лопез ја воодушеви публиката со блескав настап во текот на доделувањето на американските музички награди 2020 година во Лос Анџеле во неделата вечерта.

И помалку од 24 часа подоцна, мегаsвездата (51) беше забележана во Њујорк како присуствува на откривањето на празничниот прозорец на зграда на Петтата авенија (Saks Fifth Avenue) – една од најлуксузните згради на Големото јаболко – со нејзиниот вереник Алекс Родригез во Њујорк.

Лопез изгледа неоспорно гламурозно додека се забавува со поранешниот професионален бејзбол играч (45) пред колоритниот дисплеј.

Без сомнение, никој не може да го направи Божик како Њујорк. Живописните прозорци на екслузивните продавници на Менхетн ги запираат дури и најтврдокорните њујорчани.

Приказот на прозорците речиси секогаш се гледа кратко пред Денот на благодарноста и останува уште некој ден по Новата година.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Меган Фокс и раперот Кели првпат заедно во јавност

Објавено пред

Актерката Меган Фокс и раперот Мaшин-ган Кели првпат јавно се појавија како двојка на доделувањето на американските музички награди во неделата вечерта.

34-годишната актерка и 30-годишниот рапер, кои почнаа врска на почетокот на оваа година, продефилираа на црвениот тепих во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес.

Меган на себе имаше свилена смарагдно зелена креација, а нејзиниот партнер беше облечен во дводелен бел комплет со ниско деколте за да ги покаже тетоважите на градите.

Во последните месеци и двајцата говореа за нивната врска во интервјуа, а Меган неодамна рече „нашата врска има митски пропорции“.

“Сега сè е изолација, дехуманизација, разделување. И убаво е да пронајдете некој што може да ве извади од брзата лента и да направи да сте безбедни и да го надминете чувството дека во кој било момент може да се срушите“, изјави Кели неодамна.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Алжирскиот претседател хоспитализиран во Германија поради Ковид-19

Објавено пред

Алжирското претседателство потврди дека мистериозната болест што предизвика хоспитализација на претседателот Абделмаџид Тебун во Германија минатиот месец е коронавирус. Претседателството соопшти дека здравствената состојба на 74-годишниот Тебун постепено се подобрува и дека тој продолжува да се лекува во специјализирана германска болница по заразата од Ковид-19.

Ова е првпат официјалните лица експлицитно да споменуваат Ковид-19 во врска со хоспитализацијата на 28 октомври, пренесува АП. Сепак, пред неговата хоспитализација, неколку високи функционери во опкружувањето на претседателот развија симптоми на Ковид-19 и Тебун беше ставен во, како што рече владата, доброволна превентивна изолација.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

Во Шведска стапи во сила ограничувањето на јавни собири на најмногу осум луѓе

Во Шведска стапува во сила ограничувањето на јавните собири на најмногу осум лица како мерка во обид да се запре...

Свет4 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија5 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија6 часа

Свршувачка со 30 и свадба со 90 гости – глоба за скопјани поради организирање собири

Скопското Обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект поради организирање масовни собири за...

Македонија6 часа

За една недела, регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излекувани и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лицата над 60...

Свет7 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија7 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет8 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет21 час

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет22 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија23 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион1 ден

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа1 ден

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија1 ден

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион1 ден

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија1 ден

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа1 ден

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Досие