Контакт

Uncategorized

Нова македонска награда за детска литература

Објавено пред

Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“ од Скопје, с цел да се афирмира и да се стимулира литературата за деца и млади, од оваа година започнува со доделување награда насловена како „Ана Франк“

Прва добитничка на наградата Ана Франк е канадската писателка на книги за деца, Криста В. Јохансен. Наградата ќе и биде доделена на Меѓународниот  саем на книгата во Скопје, што се одржува во април. Жирито во состав, Христо Петрески, Александар Прокопиев, Велко Неделковски, Тоде Илиевски и Светлана Ивановска, одлучија наградата да и ја доделат на Јохансен за книгата Тори и принцот-змија, која кај нас е во издание на Вермилион.Во образложението на жирито стои дека романот Тори и принцот-змија е магична авантура полна со акција и неодолив хумор.Криста В. Јохансен е автор на бројни фантастични и научно фантастични романи за деца и млади, како и збирки на раскази за возрасни и серијата на сликовници Пипин и Мејбл. Јохансен е родена во Кингстон, Онтарио, Канада во 1968 година. Студирала англиски јазик и историја на Универзитетот Маунт Алисон, а магистрирала средновековни студии во Центарот за средновековни студии на Универзитетот во Торонто, како и англиски јазик на Универзитетот Мекалистер во Хамилтон. Живее во Саквил, Канада. Член е на Унијата на писатели на Канада, Толкиновото здружение и Друштвото за проучување на раноанглиски текстови.Автор е на сериите Вештерите од Талвердин, Патник во ноќта (2007), Предавство во Исви (2008), Темничарот од Грејрок (2009), Патот на сенките (2010).Од нејзиното перо излегле и Авантурите на Тори, Тори и змејот (1997), Тори и пиратската кралица (2005), Тори и жар-птицата (2006), Тори и принцот-змија (2007), Тори и убијците на змејови (2009), потоа Вирусот Касандра (2006), Војната на Дроновите (2007), па сликовниците за Пипин, раскази и научни тругдови, за кои има добиено бројни награди.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Лопез и свршеникот Родригез на отворањето на празничните прозорци на Менхетн

Објавено пред

Џенифер Лопез ја воодушеви публиката со блескав настап во текот на доделувањето на Американските музички награди 2020 година во Лос Анџеле во неделата вечерта.

И помалку од 24 часа подоцна, мегаsвездата (51) беше забележана во Њујорк како присуствува на откривањето на празничниот прозорец на зграда на Петтата авенија (Saks Fifth Avenue) – една од најлуксузните згради на Големото јаболко – со својот свршеник Алекс Родригез во Њујорк.

Лопез изгледа неоспорно гламурозно додека се забавува со поранешниот професионален бејзбол-играч (45) пред колоритниот дисплеј.

Без сомнение, никој не може да го направи Божик како Њујорк. Живописните прозорци на екслузивните продавници на Менхетн ги запираат дури и најтврдокорните њујорчани.

Приказот на прозорците речиси секогаш се гледа кратко пред Денот на благодарноста и останува уште некој ден по Новата година.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Меган Фокс и раперот Кели првпат заедно во јавност

Објавено пред

Актерката Меган Фокс и раперот Мaшин-ган Кели првпат јавно се појавија како двојка на доделувањето на американските музички награди во неделата вечерта.

34-годишната актерка и 30-годишниот рапер, кои почнаа врска на почетокот на оваа година, продефилираа на црвениот тепих во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес.

Меган на себе имаше свилена смарагдно зелена креација, а нејзиниот партнер беше облечен во дводелен бел комплет со ниско деколте за да ги покаже тетоважите на градите.

Во последните месеци и двајцата говореа за нивната врска во интервјуа, а Меган неодамна рече „нашата врска има митски пропорции“.

“Сега сè е изолација, дехуманизација, разделување. И убаво е да пронајдете некој што може да ве извади од брзата лента и да направи да сте безбедни и да го надминете чувството дека во кој било момент може да се срушите“, изјави Кели неодамна.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Алжирскиот претседател хоспитализиран во Германија поради Ковид-19

Објавено пред

Алжирското претседателство потврди дека мистериозната болест што предизвика хоспитализација на претседателот Абделмаџид Тебун во Германија минатиот месец е коронавирус. Претседателството соопшти дека здравствената состојба на 74-годишниот Тебун постепено се подобрува и дека тој продолжува да се лекува во специјализирана германска болница по заразата од Ковид-19.

Ова е првпат официјалните лица експлицитно да споменуваат Ковид-19 во врска со хоспитализацијата на 28 октомври, пренесува АП. Сепак, пред неговата хоспитализација, неколку високи функционери во опкружувањето на претседателот развија симптоми на Ковид-19 и Тебун беше ставен во, како што рече владата, доброволна превентивна изолација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија2 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија3 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа3 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион5 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија5 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија7 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија8 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија8 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија10 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ12 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија12 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија13 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет13 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет13 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија1 ден

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија1 ден

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија1 ден

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет1 ден

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен1 ден

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Досие