Uncategorized
Нова македонска награда за детска литература
Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“ од Скопје, с цел да се афирмира и да се стимулира литературата за деца и млади, од оваа година започнува со доделување награда насловена како „Ана Франк“
Прва добитничка на наградата Ана Франк е канадската писателка на книги за деца, Криста В. Јохансен. Наградата ќе и биде доделена на Меѓународниот саем на книгата во Скопје, што се одржува во април. Жирито во состав, Христо Петрески, Александар Прокопиев, Велко Неделковски, Тоде Илиевски и Светлана Ивановска, одлучија наградата да и ја доделат на Јохансен за книгата Тори и принцот-змија, која кај нас е во издание на Вермилион.Во образложението на жирито стои дека романот Тори и принцот-змија е магична авантура полна со акција и неодолив хумор.Криста В. Јохансен е автор на бројни фантастични и научно фантастични романи за деца и млади, како и збирки на раскази за возрасни и серијата на сликовници Пипин и Мејбл. Јохансен е родена во Кингстон, Онтарио, Канада во 1968 година. Студирала англиски јазик и историја на Универзитетот Маунт Алисон, а магистрирала средновековни студии во Центарот за средновековни студии на Универзитетот во Торонто, како и англиски јазик на Универзитетот Мекалистер во Хамилтон. Живее во Саквил, Канада. Член е на Унијата на писатели на Канада, Толкиновото здружение и Друштвото за проучување на раноанглиски текстови.Автор е на сериите Вештерите од Талвердин, Патник во ноќта (2007), Предавство во Исви (2008), Темничарот од Грејрок (2009), Патот на сенките (2010).Од нејзиното перо излегле и Авантурите на Тори, Тори и змејот (1997), Тори и пиратската кралица (2005), Тори и жар-птицата (2006), Тори и принцот-змија (2007), Тори и убијците на змејови (2009), потоа Вирусот Касандра (2006), Војната на Дроновите (2007), па сликовниците за Пипин, раскази и научни тругдови, за кои има добиено бројни награди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

