Uncategorized
Меркел убедливо реизбрана за лидер на ЦДУ
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска е повторно избрана за лидер на владеачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) на Германија.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска е повторно избрана за лидер на владеачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) на Германија.
Ваква одлука донесоа делегатите на ЦДУ на Kонгресот на партијата што се одржува во источногерманскиот град Дрезден.
Меркел доби доверба од дури 93 отсто, од над илјада делегати, колку што присуствуваат на Kонгресот.
ЦДУ е голема народна партија на центарот и не смее да си дозволи никаков спор околу насоката, изјави Меркел, алудирајќи на последниот конфликт околу политиката на партијата за пазарот на работната сила.
Притоа, Меркел ја поддржа политиката на премиерот на Северна Рајна Вестфалија Јирген Ритгерс, кој се залага за подолго плаќање додаток за невработеност на постарите лица, кои имаат подолг работен стаж.
/крај/дв/ап/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.