Uncategorized
Папата упати порака за братство меѓу христијаните и муслиманите
Папата Бенедикт XVI упати порака „за братство“ меѓу христијаните и муслиманите за време на денешната историска посета на Турција.
Папата Бенедикт XVI упати порака „за братство“ меѓу христијаните и муслиманите за време на денешната историска посета на Турција.
„Јас навистина дојдов тука затоа што верувам дека Турција стана мост…меѓу религиите“, му изјави Папата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој го дочека на аеродромот и покрај првичните најави дека „нема да има време“.
По слетувањето папата оддржа 20 минутен состанок со Ердоган на самиот аеродром, за време на што ја поддржа аспирацијата на Турција да стане членка на Европската унија.
Ова е промена на ставот на папата, кој пред да стане поглавар на Римокатоличката црква даваше изјави дека турските муслимани не припаѓаат во Европа.
За време на денешниот престој на Анкара, каде и ќе преноќи, Папата го посети мавзолејот на таткото на модерна Турција, Кемал Ататурк.
Утре папата ќе замине за Истанбул, каде ќе го посети храмот Света Софија, со што ќе стане втор папа во историјата кој престојувал таму.
Истовремено, папата ќе оствари посета и во седиштето на Вселенската патријаршија, каде ќе има разговори со патријархот Вартоломеј, еден од жестоките поборници на екуменизмот.
Денешната посета на папата во Анкара беше проследена со огромни мерки на безбедност од страна на Турција.
Околу 25 илјади Турци, сепак, се собраа во центарот на Анкара и протестираа против посетата на папата.
/крај/цнн/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.