Uncategorized
Ал Каеда:Посетата на папата-обид Турција да се оттргне од ислaмот
Огранокот на терористичката организација Ал Каеда во Ирак го обвини папата Бенедикт XVI дека со посетата сака да ја оттргне Турција од муслиманскиот свет.
Огранокот на терористичката организација Ал Каеда во Ирак го обвини папата Бенедикт XVI дека со посетата сака да ја оттргне Турција од муслиманскиот свет.
„Посетата на папата и дава сила на крстоносната кампања во земјата на исламот откако крстоносните лидери ја упропастиле“, се вели во декларацијата на Ал Каеда објавена на Интернет.
Според нив, посетата на папата во претежно муслиманската земја е „обид да се угаси огнот на исламот меѓу муслиманските браќа во Турција и да се избрише исламското наследство, но и за да се гарантира дека тие ќе останат на патот трасиран од Кемал Ататурк“.
Декларацијата понатаму продолжува со пораките на Ал Каеда, според кои организацијата има одредена дата за победа и дека „исламската држава што му се покорува на семоќниот Алах ќе го откорне крстот и ќе го разлее виното“.
Автентичноста на декларацијата засега не е потврдена.
/крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.