Uncategorized
Богатите земји донираа 200 мил. долари за вакцини за сиромашните
Богатите земји донираа 200 милиони долари за борба против болестите во сиромашните земји, објави Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ).
Богатите земји донираа 200 милиони долари за борба против болестите во сиромашните земји, објави Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ).
Според овој план, земјите во развој ќе ги добијат новорегистрираните вакцини за ротавирус и пневмокок бидејќи Светската здравствена организација (СЗО) тврди дека овие болести се најчеста причина за смртта меѓу децата во сиромашните земји.
Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација соопшти синоќа дека донираните пари ќе им овозможат на разни земји ширум светот што побрзо да дојдат до вакцините.
Досега на вакцините им требало 15 до 20 години од богатите земји да стигнат до земјите каде што се најмногу потребни.
„Сакаме да дејствуваме брзо за да можеме со вакцините што ги имаме да спасиме што повеќе деца“, изјави секретарот на ГАВИ, Џулијан Лоб-Левт.
ГАВИ, која е финансирана од Европската унија, САД и Фондацијата на Мелинда и Бил Гејтс, проценува дека секоја година 1,5 милиони деца умираат од тие болести во сиромашните делови на светот.
Речиси 90 отсто од смртта од ротавирус се случуваат во земјите во развој. Децата умираат од тешка дијареа што доведува до дехидрација.
Пневмокок е главниот предизвикувач на воспалението на белите дробови, менингитисот и труењето на крвта.
/крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.