Uncategorized
Поемата „Мај“ од Чехот Маха на македонски
Друштвото за издавачка дејност „Македонска реч“ од Скопје ја објави поемата „Мај“ на познатиот чешки поет од 19 век Карел Хинек Маха (1810-1836), во препев од чешки јазик на Донка Роус
Објавувањето на „Мај“ на македонски јазик се совпаѓа со 200-годишнината од раѓањето на овој истакнат претставник на чешкиот романтизам. Роден е во Прага, при кризмата Маха го добил името Игнац, но го сменил во Хинек и пред името го додал името Карел, како симбол за протест и како симбол на сенародната преродба во Чешка. Студирал право и филозофија, а по завршувањето на студиите се вработил како практикант во адвокатска канцеларија во чешкиот град Литомержице, каде и умира во 1836 година на 26-годишна возраст.Маха бил романтичар, но не од оној тогашен формат, како што пишува чешкиот поет и критичар Јиржи Шотола (во есејот Модерен поет), не бил миризлива душа, не бил распрашувач на илузии. Не бил фантазер, добро облечен конте којшто седи на балкон загледан во луната. Не бил како Бајрон. За тоа му недостигале пари, возвишени манири и соодветно класно потекло. Маха бил сиромав, потекнувал од сиромашно семејство. Живеел живот на вистински романтичар, и тоа како во однесувањето, така и во облекувањето. Негова голема опсесија било патувањето пеш, а посебно по тврдини и урнатини, каде и честопати преспивал. Пеш стигнал дури до Венеција. Од сите тие негови патувања оставил белешки и слики што самиот ги цртал. Бил чест посетител на театарските претстави на чешкиот драматург Јозеф Кајетан Тил. Токму таму, во Ставовскиот театар, ја среќава својата судбоносна љубов Лора Шомкова (со која имал син, но кога требало да стапат во брак тој умира).За својот краток живот нема напишано многу творби, но сепак и тие што ги напишал и ги завршил, му овозможиле да биде сместен меѓу најголемите чешки поети. Во 1836 година излегува од печат неговата најзначајна творба, лирско-епското дело „Мај“, кое се смета за почеток на чешката модерна поезија. Повеќето негови творби излегле од печат по неговата смрт: „Цигани“, новела, напишана во 1835, од печат излегла дури во 1857 година. Прозното дело „Кршивоклад“ било отпечатена во 1837 година. Некои делови од неговите „Слики од мојот живот“ се појавиле од печат и во 1834 година, а некои по смртта на поетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

