Контакт

Uncategorized

Поради штрајк со глад лидер на опозицијата во Белорусија е пред смрт

Објавено пред

Белорускиот опозиционен лидер Александар Козулин е на работ на смртта поради штрајкот со глад со што сака да го изрази својот протест против владата на Александар Лукашенко, соопштено е денеска.

dobivaj vesti na viber

Белорускиот опозиционен лидер Александар Козулин е на работ на смртта поради штрајкот со глад со што сака да го изрази својот протест против владата на Александар Лукашенко, соопштено е денеска.

Во отвореното писмо упатено до челниците на Г8, лидерот на опозицијата Александар Милинкевич ја опиша здравствената состојба на својот сојузник Конзулин како „на работ на смртта“.

/макфакс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се ставени под контрола, а 16 се изгаснати.

dobivaj vesti na viber

Активни пожари има во: Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (Новаци) и крак кон границата со Р. Грција (мешана шума); Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци); под контрола помеѓу Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација); Македонски Брод – помеѓу Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума); Петровец – с. Средно Коњаре, крај р. Пчиња (мешана шума); Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација); Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума); Старо Нагоричане / Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Јачинце (ниска вегетација); Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација); Василево 1 – с. Сушево (грмушки и ниска вегетација); и Василево 2 – с. Добрашинци (грмушки и ниска вегетација).

Под контрола се пожарите во: Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева); Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума); Струмица – с. Баница и населба Софилари (висока трева); Карбинци – с. Јунузлија (шума); и Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева).

Изгаснати се пожарите во: Сарај 1 – с. Семениште (стрниште и гранки); Сарај 2 – с. Паничари (сува трева); Гази Баба – с. Трубарево (стрниште, грмушки и сува трева); Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија); Кривогаштани – кај депонијата (сува трева и грмушки); Струмица – м.в. Три Води (ниска вегетација и мешана шума); Василево – с. Василево (ниска вегетација); Струга 1 – с. Калишта (ниска вегетација и ѓубриште); Струга 2 – с. Октиси (депонија); Штип – кај м.в. 9-ти км (сува трева); Карбинци – с. Радање (стрниште, сува трева и штала); Куманово 1 – н. Бедиње (ниска вегетација); Куманово 2 – с. Табановце (сува трева); Куманово 3 – ул. Никола Тесла (сува трева); Куманово 4 – с. Тромеѓа (сува трева); и Теарце – с. Непроштено (сува трева).

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заедно во група извршиле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска  со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, на 24 јули во скопското село Орешани извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на едно лице, за кое сметале дека украл лубеници од нивата на првоосомничениот.

Со товарно возило го следеле оштетениот додека тој со автомобилот се движел од Петровец кон селото Таор, се додека не се паркирал во дворот на куќата на неговиот внук во Орешани, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Осомничените пристигнале веднаш по него, излегле од возилото и го нападнале. Насилно го извлекле оштетениот од возилото и го удирале со тупаници и шамари по главата и телото. Вториот осомничен извадил водоводџиски клешти од камионот, па и со нив го удирале се додека оштетениот не паднал во безсознание. Му нанеле тешки телесни повреди поради кои тој во живото- загрозувачка состојба е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија. Со дејствијата на насилство, кај сведокот – внукот на оштетениот и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Ценејќи ги сите околности и ризици, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Никоски: Најекономично и најисплатливо справување со отпадот е ако државата се подели на пет региони со пет депонии

Објавено пред

Справувањето со отпадот, како едно од најаткуелните прашања, е возможно исклучиво со поставување и профункционирање на регионалениот систем за управување со отпадот, вели директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски. Стручните пресметки и анализи покажале дека најекономично и најисплатливо е групирањето на општините и регионите во државата во 5 регионални системи за управување со отпадот, со 5 регионални санитарни депонии.

dobivaj vesti na viber

Источен Регион и Североисточен Регион – Мечкуевци во Свети Николе, Полошки Регион – Русино, општина Гостивар, Пелагониски Регион – Југозападен Регион – Мегленци, општина Новаци, Вардарски Регион – Југоисточен Регион – Доброшинци, општина Василево и Скопски Регион – Дрисла, Скопје.

„За Источниот и за Североисточниот Регион објавен е тендерот за изградба на централна постројка за управување со отпадот за двата региона во Свети Николе, како и изградба на 6 претоварни станици во Куманово, Ранковце, Штип, Виница, Македонска Каменица и во Берово. Паралелно ќе се одвива градбата на претоварните станици и на регионалната депонија. Додека не се изгради целиот систем, нема да се пушти во работа централната инсталација за управување со отпадот, односно телото на депонијата, постројката за механичко-биолошки третман, пречистителната станица, линијата за селекција и така натаму“, вели директорот Никоски.

Спроведени се активности за затварање на нестандардните депонии и ѓубришта. Во зависност од количината на отпадот, предвидени се три начини за справуавње со депониите.

Најмалите ѓубришта ќе бидат, едноставно, исчистени и отпадот ќе биде однесен на друга блиска непрописна депонија.

Одредени непрописни депонии ќе бидат преобликувани, отпадот ќе се компактира, ќе бидат прекриени со одредени слоеви, кои ќе ја вршат улогата на собирање депониски гас, ќе се собира депонискиот исцедок, ќе се изгради систем за собирање на површинските води, како и дренажен систем, финално запечатување на депонијата, како и раззеленување на последниот слој, На ваквите места Никоски вели дека ќе бидат поставени ограда и влезна капија, ќе бидат изведени сервисни сообраќајници и мерни места за земање примероци за мониторинг на квалитетот на водите и гасот. Оние непрописни депонии што ќе го прибираат отпадот, пак, сѐ до почнување со функционирање на меѓурегионалниот систем за управување со отпадот, ќе се извршат некои од горенаведените операции, без финално затворање и тие ќе останат во функција. „За конечно затворање на овие непрописни депонии, предвиден е друг проект (II фаза), кој ќе се реализира по изградбата на регионалната депонија во Мечкуевци, општина Свети Николе, а планиран во рамките на ИПА III. Обврската за одржување на исчистените локации останува на секоја општина во согласност со договорот потпишан со МЖСПП“, вели директорот Никоски.

Пари за овој проект се обезбедени од ИПА-фондовите и со национално кофинансирање. За Полошкиот Регион – Русино и за Пелагонискиот и за Југозападниот Регион – Мегленци, општина Новаци, проектите се реализираат со средства од заемот од ЕБРД. Никоски вели дека е пред крај подготовката на тендерската документација и се очекува во најбргу што може да се објават тендерите за градба, односно за реконструкција на регионалниот систем за управување со отпадот – Русино во Полошкиот Регион и претоварна станица во Тетово, претоварни станици во Дебар, Охрид и во Прилеп и затворање на депонијата во Новаци и надзор над работата.

Во моментот во тек е тендер за набавка на возила и контејнери за општините од Пелагонискиот и од Југозападниот Регион.

За Вардарскиот и за Југоисточниот Регион – регионална депонија во Доброшинци, во тек е тендерска постапка за изработка на плански документи, која исто така е финасирана со заемот од ЕБОР.

За Скопскиот Регион – Дрисла, пак, тече постапка за избор на консултант, кој треба да ги подготви сите неопходни документи за развој на депонијата „Дрисла“ и за воспоставување на регионалниот систем за Скопскиот Регион. Постапката за избор ја води ЕУ-делегација и целиот проект ќе биде финасиран со грант-средства од ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

И војниците на АРМ ќе се вклучат во гаснење на пожарот во кривопаланечкото село Нерав

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка...

Топ2 часа

Силувани деца на возраст од 3 и 10 години во Гостивар, мајката ги снимила и видеото го пратила на таткото

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека...

Македонија3 часа

Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор

До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор,...

Македонија6 часа

Хеликоптерска акција во Штип: Полициски службеници спасија повреден војник од борбата со пожарот

Во време кога летните горештини го зголемуваат ризикот од пожари, а бројот на активни огнени жаришта се зголемува ширум државата,...

Македонија7 часа

Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири кон куќите, екипите се на терен

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина...

Uncategorized10 часа

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион10 часа

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...

Македонија12 часа

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок...

Свет1 ден

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија1 ден

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...

Македонија1 ден

Анегелов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село

На територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на...

Свет1 ден

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога...

Македонија1 ден

За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје...

Македонија1 ден

Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години...

Uncategorized1 ден

Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија2 дена

62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој животот го загубија 1.070 лица

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го...

Македонија2 дена

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ...

Македонија2 дена

(Видео) Грета Тунберг по Тетово стигна во Скопје, ќе дискутира за империјализмот и ќе протестира за спас на Дошница

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани...

Македонија2 дена

Се’ уште се трага по девојчето кое го одвлече Вардар – 29-годишната соселанка се обидувaла да го извлече од водата

Прпиадници на полицијата, армијата, нуркачи, кајакари се во интензивна потрага по 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое вчера беше...

Топ2 дена

Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба. Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде...