Uncategorized
Меркел: Дојде времето за воведување санкции против Иран
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е дојдено времето за воведување санкции против Иран, јавуваат руските медиуми.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е дојдено времето за воведување санкции против Иран, јавуваат руските медиуми.
„Од Иран продолжуваат да пристигаат негативни сигнали во врска со нуклеарната програма на оваа земја. За жал, треба да констатирам дека дојде време да размислувам за воведување санкции, поточно да се зафатиме со разработување на можни санкции против Иран“, изјави Меркел по средбата со израелскиот премиер Ехуд Олмерт.
Таа нагласи дека „воената опција“ како можно решение на проблемот не се разгледува.
„Ние ќе направиме сè што е во наша моќ, за да го прекинеме развојот на нуклеарната програма на Иран, користејќи ги при тоа сите дипломатски средства, како и можноста за укажување на влијание врз раководството на земјата“, додаде Меркел.
/крај/фк/ст
/
б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.