Uncategorized
СЕЕМО протестира за притисок врз медиуми во Молдавија
Протест против притисок на два медиуми во Молдавија изрази Медиската организација на Југоисточна Европа, СЕЕЕМО.
Протест против притисок на два медиуми во Молдавија изрази Медиската организација на Југоисточна Европа, СЕЕЕМО.
Според информациите на СЕЕМО, властите во Кишињев донеле одлука за приватизација на радиото Антена Ц и на телевизијата Еуро ТВ и двете основани од градскиот совет на Кишињев, главниот град на Молдавија.
Истовремено, тие донеле одлука и за разрешување на директорите на двете институции.
Целата акција се изведува врз новодонесен закон за приватизација на медиумите во Молдавија.
Новинарите од двата медиума организираа протести на кои го искажаа своето незадоволство од мешањето на власта во работата на медиумите.
СЕЕМО изразува посебна загриженост што на 16 декември за време на дебатна емисија на радиото Антена за најновите случувања, емитувањето било прекинато „поради технички проблеми’ и воедно ги повика властите во Кишињев и на Собранието на Молдавија, да преземат мерки за спречување на ваквите практики.
/крај/сеемо/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.