Uncategorized
Две години од цунамито во југоисточна Азија
Светот денеска одбележува две години од разорното цунами во југоисточна Азија, во кое животот го загубија околу 230.000 луѓе во Индонезија, Индија, Тајланд и Шри Ланка.
Две години од разорното цунами во југоисточна Азија, во кое животот го загубија околу 230.000 луѓе во Индонезија, Индија, Тајланд и Шри Ланка, се одбележува денеска.
Најпогодена од катастрофата беше Индонезија, каде во налетот на цунами загинаа околу 168,000 луѓе. Убиствениот бран погоди девет азиски земји крај Индискиот океан.
На разорното цунами претходеше катаклизмичен земјотрес со јачина од девет степени според Рихтер, што на 26 декември 2004 година го погоди морското дно кај индонезискиот остров Суматра.
Земјотресот предизвика десетметарски бранови во Индискиот океан, кои однесоа човечки животи дури и на источните брегови на Африка.
Точниот број на жртвите најверојатно никогаш нема да биде познат бидејќи многу од телата се однесени од водата, а во некои случаи не биле точни и податоците за бројот на населението.
/крај/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.