Uncategorized
Најмалку 376 лица загинаа при напад врз тамилската војска
Најмалку 376 лица загинаа, при напад на војската на Шри Ланка врз засолништа на тамилските тигри во источниот дел на островот.
Најмалку 376 лица загинаа, при напад на војската на Шри Ланка врз засолништа на тамилските тигри во источниот дел на островот.
Како што денеска соопшти Министерството за одбрана на Шри Ланка во нападот загинале 45 припадници на владините сили и 331 припадник на тамилските борци.
„По неколку неделен конфликт, владините сили превземаа контрола над градот Вакараи, главното скривалиште на Ослободителните тигрови на истокот од земјата“, соопшти Министерството за одбрана.
„Од почетокот на операцијата 45 војници, припадници на силите на Шри Ланка, се убиени, а 180 се повредени“, соопшти владата, од каде се додава дека во истите напади убиени се 331 тамилски борец.
Тамилите не ја коментираа информацијата дека војската го завзела Вакараи, град што се наоѓа во меѓузоната на најсилните засолништа од северниот дел на Шри Ланка и на истокот од земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.