Контакт

Uncategorized

Промоција на романот „Сечење шума“ од Томас Бернхард

Објавено пред

Промоцииjа на романот „Сечење шума“ од Томас Бернхард ќе се случи вечерва во ГЕМ клубот (Менада, Стара чаршија) со почеток во 21 часот

Преведувачката Елизабета Линднер накратко ќе ги претстави животот и делото на австрискиот автор Томас Бернхард (1931-1989), еден од наjзначаjните и наjскандалозните автори од германското говорно подрачjе.Неговите дела се преведени на повеќе од триесет jазици, и веќе одамна се предмет на важни книжевни истражуваньа од современата литература.Ќе се прикаже и дел од познатото интервjу со авторот „Монолози на Маjорка“, како и неговата изjава во врска со овоj роман.Во нив авторот се дефинира себеси како човек и како автор, и со тоа на македонската публика ќе и се доближи оваа значаjна личност од светската литература.Издавач е културната установа „Блесок“ а Игор Исаковски ќе прочита извадок од романот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Вучиќ: Од следната недела, уште повеќе вакцини во Србија

Објавено пред

„Од среда-четврток ќе започнеме со понатамошна масовна вакцинација, бидејќи од вторник, среда или четврток ќе имаме уште повеќе вакцини“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.Тој додаде дека за два дена ќе започне силна ревакцинација на голем број луѓе кои веќе ја примиле првата доза.

„Тоа е најважната работа за луѓето, што ќе се случи со нивното здравје, дали тие се чувствуваат безбедно, кои се нивните планови за во иднина. Тоа ги мотивира и интересира луѓето, а не како ќе се однесуваат газдите на одредени компании не знам со кого.. “, рече Вучиќ, одговарајќи на прашања од новинари во Панчево.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Велосипедист удрил во пешак и побегнал

Објавено пред

Скопјанец е тешко повреден откако велосипедист удрил во него, по што побегнал. Како што информира полицијата, вчера во 14:10 часот во Скопје на улица 50-та дивизија велосипед управуван од засега непознато лице кое го напуштило местото на настанот удрил во пешакот А.Р.(47) од Скопје. На повредениот му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Улогата на Наоми Кембел за туризмот во Кенија предизвика полемика

Објавено пред

Назначувањето на британскиот супермодел Наоми Кембел за кениски амбасадор за туризам предизвика бура на Твитер во источноафриканската држава.

Многумина се прашаа зошто оваа функција не ѝ била дадена на истакната Кенијка како холивудската актерка Лупита Нионго. Други преминаа во нејзина одбрана, велејќи дека дебатата на социјалните мрежи веќе ја оправдала нејзината улога.

Туристичкиот сектор во Кенија е тешко погоден од коронавирусот, а бројот на посетители е намален за 72% во периодот од јануари до октомври минатата година.

„Секторот изгуби над 110 милијарди кениски шилинзи (1 милијарда американски долари) од приходите од директни меѓународни туристи поради пандемијата на Ковид-19 “, објави минатиот месец кенискиот Институт за истражување на туризам.

Земјата е позната по возбудливите сафарија, разновидност на дивиот свет и ресорти на плажа.

Кенискиот министер за туризам, Наџиб Балала, изјави дека договорот со г-ѓа Кембел бил направен минатиот викенд откако тој се сретнал со неа минатата недела додека била на одмор во Кенија.

50-годишната икона на стилот и филантроп објави фотографии од нејзиниот престој на Инстаграм, каде има 10 милиони следачи.

„Ние ја поздравуваме возбудливата вест дека Наоми Кембел ќе се залага за туризмот и ќе патува на меѓународно ниво за брендот ‘Волшебна Кенија’“, рече Балала. Тој не наведе дополнителни детали за договорот.

Изјавата, објавена на Твитер во вторникот, предизвика инстант револт кај некои, а други ги отфлија критиките за нејзиниот избор.

Еден корисник на Твитер наброја други познати личности од Кенија кои повеќе одговараат за амбасадорската улога, вклучувајќи ги моделите Ајума Насењана и Дебра Санајпеи, како и актерката Нионго.

Друг твитерџија напиша дека ваквата реакција открива нездрав став во Кенија: „На крајот на денот, сè е за тоа кој ќе ја заврши работата. Овој менталитет е тој што предизвикува непотизам и племенство во кениските институции “.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија9 часа

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија10 часа

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија15 часа

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија15 часа

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија16 часа

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија16 часа

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа16 часа

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион17 часа

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа1 ден

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија1 ден

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија2 дена

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ2 дена

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет2 дена

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Македонија2 дена

Свадбите остануваат забранети

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат,...

Македонија2 дена

Борел: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со Скопје и Тирана

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската Унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во...

Свет2 дена

СЗО: Три нови видови коронавирус се шират низ светот од минатата година

Според податоците на СЗО, низ светот се шират три нови видови коронавирусот од минатата година. Од СЗО информираат дека новиот...

Македонија2 дена

СДСМ: Институциите покажаа капацитет за обезбедување на правдата

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа...

Македонија2 дена

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче,...

Свет2 дена

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Досие