Uncategorized
ОН:Расте трговијата со фалсификувани лекови
Трговијата со фалсификувани лекови зема се поголем замав и се претвора во добро платен меѓународен бизнис, предупреди Агенцијата за контрола на наркотици при Обединетите нации.
Трговијата со фалсификувани лекови зема се поголем замав и се претвора во добро платен меѓународен бизнис, предупреди Агенцијата за контрола на наркотици при Обединетите нации.
Во својот годишен извештај, Меѓународниот совет за контрола на наркотиците со седиште во Виена, наведува дека околу 10 отсто од лековите што се во оптек во светот, всушност се фалсификат, пренесува британското радио Би-Би-Си.
Според истиот извор, процентот на фалсификувани лекови е најголем во земјите во развој, каде што се движи од 25 до 50 отсто.
Едно неодамна спроведено истражување покажува дека трговијата со лажни лекови за четири години би можела да донесе приход од дури 75 милијарди долари годишно.
Потрошувачите лажните лекови ги купуваат од повеќе причини, но најмногу поради тоа што се евтини, лесно се доаѓа до нив, а понекогаш копиите се толку добри, што тешко се воочува разликата меѓу оригиналот и фалсификатот.
Лажните пакувања, предупредуваат стручните лица, можат да сокриваат опасни, па дури и смртоносни супстанци.
„Потрошувачите најчесто не се свесни за ризикот што го преземаат, бидејќи лековите што ги пијат се со проблематична безбедност, ефикасност и квалитет. Лековите и останатите медицински препарати не се луксузна стока и треба да бидат регулирана. Ако тоа не биде направено, последиците по здравјето на населението би можеле да бидат огромни“, смета професорот Хамид Годсе, еден од авторите на Извештајот.
Дел од лековите што се продаваат нелегално се вистински медикаменти што се украдени, но поголемиот дел се чист фалсификат.
Според една студија спроведена во југоисточниот дел на Азија, чиј предмет беше лекот против смртоносниот вид маларија, покажа дека речиси половината тестирани примероци биле лажни, без било какво лековито дејство.
Агенцијата на ОН бара од сите земји да го подобрат надгледувањето и регулативата на лекови, бидејќи, како што наведува Хамид Годсе, 60 отсто од земјите во светот немаат системи што би го овозможиле тоа.
„Цената на недостаток на регулатива и здравствените проблеми што произлегуваат од тоа, е многу поголема од цената на самата регулатива и нејзиното спроведување“, вели Годсе.
Проблемот на лажните лекови главно се однесува на земјите во развој, ни ниту развиените земји не се имуни – посебно поради нерегулирањето на трговијата со лекови преку интернет, за што најчесто не е потребен лекарски рецепт.
Се проценува дека 50 отсто од илегалната продажба на лекови преку интернет е всушност продажба на фалсификати.
Светската здравствена организација (СЗО) кон крајот на минатата година покрена глобална акција за борба против фалсификуваните медицински производи.
Планот предвидува развој на подобра технологија, преку која би се предупредило на евентуално фалсификување и би се овозможило откривање и следење на фалсификатите на пазарот на лекови.
Со акциониот план на СЗО се бара од властите да преземат построги законски мерки против оние што прават и продаваат лажни лекови.
/крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Австралија воведува построги закони за оружје по масакрот во Сиднеј
Долниот дом на австралискиот парламент денес усвои закони со кои се воведува програма за откуп на оружје и построги контроли за лиценцирање како одговор на масовното пукање за време на еврејскиот празник Ханука кон крајот на минатата година.
Законите беа усвоени од Претставничкиот дом со 96 гласа „за“ и 45 „против“ и сега се испраќаат до Сенатот.
„Нападот на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица, беше дело на поединци со омраза во срцата и оружје во рацете“, рече министерот за внатрешни работи Тони Бурк додека ги претставуваше законите.
„Оваа трагедија бара одговор од целата влада. Мора да направиме сè што можеме за да се соочиме и со мотивацијата и со методот“, рече министерот.
Новите мерки вклучуваат национална програма за откуп за намалување на бројот на оружје кај населението. Покрај тоа, постојат планови за воведување построги проверки пред државите да издаваат дозволи за оружје, користејќи информации што ги поседува Австралиската безбедносно-разузнавачка агенција.
Според владини бројки, минатата година во Австралија имало 4,1 милион парчиња огнено оружје, од кои 1,1 милион во Нов Јужен Велс, најнаселената држава каде што се случи пукањето на Ханука.
Покрај тоа, Нов Јужен Велс донесе свој сет закони со кои се ограничува бројот на огнено оружје по лице на четири. Исклучок се земјоделците, кои се ограничени на десет. Понатаму, сопствениците на огнено оружје ќе мора да ги обноват своите дозволи по две години, наместо сегашните пет.
„Бројот на огнено оружје што моментално циркулира во австралиската заедница е неодржлив“, рече Бурк.
Опозицијата ја критикува владата
Поддршката не ја дадоа конзервативните пратеници од опозицијата, кои ја обвинија лабуристичката влада на премиерот Ентони Албанез дека не успеала соодветно да се справи со растечкиот антисемитизам.
Парламентот, на барање на премиерот, го прекина летниот одмор за да дебатира за законите. На дневен ред е и предлог со кој би се намалил прагот за гонење на говорот на омраза.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.

