Uncategorized
Акциите на азиските берзи повторно паѓаат
Акциите на азиските берзи денеска повторно доживуваат крах, а индекс Никкеи на токиската берза, за прв пат после подолго време падна под 17.000 вредносни точки.
Акциите на азиските берзи денеска повторно доживуваат крах, а индекс Никкеи на токиската берза, за прв пат после подолго време падна под 17.000 вредносни точки.
Индексот Никкеи, кој е сочинет од акциите на 225 најмоќни јапонски компании, денешното тргување на токиската берза го заврши на 16.642,25 точки, што во однос на петокот е за 575,68 точки помалку, со што има загубено 3,34 проценти од својата вредност.
Според извештаите голема загриженост владее меѓу инвеститорите во Јапонија.
Слично реагираше денеска и берзата во Шангај, каде што акциите во просек ја изгубија вредноста за околу три отсто. Токму големиот пад на акциите на шангајската берза минатиот вторник, предизвика зголемен бран на продажба на акции ширум светот, што беше непосреден повод за пад на вредноста на акциите.
Вредноста на акциите денеска паѓа и на останатите азиски берзи во Хонг Конг, Сингапур, Јужна Кореја, Тајван и Индија.
Европските берзи на денешното тргување го следат трендот на азиските берзи, британскиот ФТСЕ индекс изгуби 1,8 отсто од вредноста, а франкфуртскиот Дакс 2,2 отсто.
Со големо внимание се очекува отварањето на њујоршката берза каде што минатата недела е забележан стрмоглав пад на вредноста на акциите од цели 416 поени.
Тоа беше најголемиот пад на акциите на Вол стрит во еден ден, по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година. Според аналитичарите, голема вознемиреност се чувствува меѓу инвеститорите на Вол стрит.
Истовремено, вредноста на јапонскиот јен се искачи на највисоко ниво во однос на доларот и еврото, за изминатите три месеци.
/крај/цнн/ста/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.