Uncategorized
Кина најавува закон за приватна сопственост
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/af4dc607-c789-4953-b79b-da04bc7d808d.jpeg)
Кинескиот Парламент се подготвува да донесе “историски“ закон за заштита на приватната сопственост со што комунистичките лидери прифатија уште еден столб на слободниот пазар.
Кинескиот Парламент се подготвува да донесе “историски“ закон за заштита на приватната сопственост со што комунистичките лидери прифатија уште еден столб на слободниот пазар.
Годишното заседание на 2.800 народни пратеници започна синоќа со говор на премиерот Вен Џиабао, кој најави поизбалансиран пораст на стопанството, поголема помош за селото и пораст на расходите за војската од 17,8 проценти годинава, со цел модернизација на оружените сили.
Важна новина на двонеделното заседание на Конгресот е најавата за донесување закон за приватна сопственост, прв од таков вид од победата на комунистичката револуција во 1949 година.
Новата законска легислатива би гарантирала еднаква заштита на приватната и државна сопственост, а целта е да се спречат корумпираните претставници да вршат “самоволен грабеж“.
Предлог-законот, минатата година, беше замрзнат бидејќи претставниците на “тврдата линија“ тврдеа дека таков закон ќе ја забрза приватизацијата и ќе го зголеми јазот меѓу богатите и сиромашните, што веќе се години предизвикува немири на кинеското село.
/Крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/bugarija-policija.jpg)
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.