Uncategorized
Иницијатива за американско повлекување од Ирак во 2008 година
Демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе побараат повлекување на американските војници од Ирак до есента 2008 година.
Демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе побараат повлекување на американските војници од Ирак до есента 2008 година.
Иницијатор на оваа законска иницијатива е Ненси Пелоси, која ја предводи мнозинската демократска фракција во Конгресот.
Според нејзиниот план, американските војници би требало да започнат да се повлекуваат од Ирак на 31 март следната година, а евентуално претходно повлекување би зависело од подготвеноста на ирачката војска и полиција да ја преземат одговорноста за безбедноста на својата земја.
Иницијативата на Пелоси ќе биде поднесена во вид на амандман на американскиот воен буџет, односно дополнителните 100 милијарди долари демократите сакаат да ги пренасочат од Ирак во Авганистан, односно во американската борба против тероризмот.
Нејзиниот предлог предвидува мал број американски војници да останат во Ирак и по есента 2008 година, но нивната улога би била ограничена на чување на американските конзулати и другите објекти, обука на ирачките сили и евентуална противтерористичка акција.
Претседателот Џорџ Буш веќе најави дека доколку Конгресот го донесе тој закон, ќе стави вето.
За да се заобиколи ветото на претседателот потребно е за предлогот да гласаат две третини од конгресмените, но тоа на демократите тешко ќе им успее, со оглед на фактот што републиканците жестоко го нападнаа овој предлог.
/крај/фо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.