Uncategorized
Цените на акциите на азиските берзи стрмоглаво паѓаат

Цените на акциите на водечките азиски берзи денеска бележат силен пад, следејќи го негативниот тренд на берзата на Волт стрит, каде што тргувањето синоќа заврши со црвено салдо.
Цените на акциите на водечките азиски берзи денеска бележат силен пад, следејќи го негативниот тренд на берзата на Волт стрит, каде што тргувањето синоќа заврши со црвено салдо.
Индексот Никкеи на водечката азиска берза во Токио, во кој се содржани 225 најважни акции, денеска забележа пад за над 500 вредносни поени, по што тргувањето на берзата го заврши под психолошката линија од 17.0000 вредносни поени.
Никкеи денеска загуби 2,92 отсто од својата вредност во споредба со вчера, откако неговата вредност падна за 501,95 точки на 16.676,89 точки.
Според брокерите, кон негативниот тренд на берзите влијае зајакнувањето на јенот во односот на доларот, како и бранувањето на њујоршката берза.
Вредноста на акциите на останатите азиски акции падна помеѓу 1,5 и 3,3 проценти.
налитичарите предвидуваат дека индексот на британската берза FTSE 100 денеска би можел да загуби 1,2 отсто од својата вредноста, додека индексот на германската берза DAX би можел да падне за 1,7 отсто.
Негативниот тренд на вредноста на акциите започна синоќа на Њујоршката берза, каде што индексот Доу Џонс изгуби 1,97 отсто од вредноста и се спушти на 12.075,96 поени, додека Технолошкиот индекс Насдак загуби 2,15 проценти, запирајќи се на 2409,29 поени.
Според берзанските аналитичари, на тргувањето со хартии од вредност во Њујорк влијаеше извештајот на банкарите дека хипотекарните заеми во последно време достигнале рекордна вредност.
/крај/р/ста/ап
/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Средба Мисајловски – Салај Бобровници во рамките на унгарско-македонскиот владин самит: Ние не сме само набљудувачи на сегашноста, туку архитекти на подобра и посигурна иднина

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари билатерална средба со својот унгарски колега Кристоф Салај Бобровницки во рамки на кој денеска се одржува во Будимшешта, Република Унгарија.
Уште еден значаен чекор кон побезбедна, посигурна и просперитетна иднина, за граѓаните на двете држави, за регионот и Европа, беше констатирано од страна на двајцата соговорници на денешната средба.
Мисајловски во оваа прилика додаде дека е потребно да се искористи секоја можна соработка која ќе придонесе не само проширување и продлабочување на односите меѓу двете земји туку на развој на државите.
„Еден од најважните критериуми за развој е зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста. Токму затоа е потребно заеднички да продолжиме да вложуваме во јакнењето на регионалната безбедност, како би можеле поефикасно да се справиме со предизвиците со кои се соочуваме“, истакна министерот Мисајловски и додаде дека е особено горд што одбранбената соработка со Унгарија се интензивира особено по потпишувањето на Планот за билатерална соработка меѓу двете земји.
„Ние не сме само набљудувачи на сегашноста, туку архитекти на подобра и посигурна иднина. Активностите кои се опфатени со Планот се доказ за сериозната посветеност меѓу двете министерства и армии и за нас е од особена важност е можноста за размена на искуства и знаења кои двете земји ги нудат во насока на зајакнување на човековите капацитети“, потенцира Мисајловски.
Унгарскиот министер Салај Бобровницки на оваа средба кажа дека се отвораат нови можности во процесот на набавки и развој во делот на одбранбената индустрија преку договор Влада со Влада, можноста за набавки на воена опрема од страна на унгарски производители, како и за интензивирање на соработка во процесот на обука и вежби за припадниците на специјалните сили и армиите воопшто.
За време на состанокот се разговараше и за Меморандумот за разбирање меѓу двете институции, кој е во завршна фаза на усогласување, а кој ќе биде дополнителен импулс градењето на меѓусебната соработка.
Uncategorized
Лавров: Европа го поткопува решението на конфликтот во Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека само Западот и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги попречуваат мировните преговори.
За време на посетата на Доха, тој рече дека претседателот на Русија, Владимир Путин, многупати одговарал на лажните обвинувања за преговорите и дека најдобрата помош за оние кои искрено сакаат да го решат овој конфликт е да разберат зошто настанал овој конфликт.
„Европа отворено се обидува да го поткопа решението на конфликтот во Украина. Ова е менталитетот „или-или“ што владее во Европа во последно време“, рече Лавров, пренесува „Раша тудеј“.
Според него, Русија смета дека е невозможно да се согласи на договори кои би вклучиле и повторно вооружување на Украина.
„Она што остана од Украина мора да се ослободи од расистичките закони“, рече Лавров и додаде дека Европа со своите постапки покажала дека не сака никаков мир, бидејќи „нејзиниот штитеник не ги исполнил сите задачи што му ги дала“.
На прашањето дали е вистина дека Москва се согласила да користи 300 милијарди долари замрзнати средства за обнова на Украина, под услов некои од нив да бидат наменети за потребите на новите руски региони, Лавров посочи дека не се зборува за „имот украден од Европејците“ и дека е сигурен дека ова прашање ќе биде решено наскоро, како што истакна и шефот на американскиот Стејт департмент, Рубио.
Тој додаде дека средба на руски и американски претставници на која ќе се разговара за работата на амбасадите ќе се одржи на 27 февруари во Истанбул.
Истовремено, тој отфрли секакви опции за распоредување европски мировни сили во Украина, наведувајќи дека Русија воопшто не го разгледува тоа, пренесува РИА Новости.
Лавров на прес-конференцијата во Катар посочи дека оваа идеја, која, како што рече, ја наметнуваат Европејците, „односно Франција и Велика Британија“, има за цел натамошна ескалација на конфликтот и сузбивање на обидите за прекин на конфликтот.
„Макрон во Вашингтон зборуваше за потребата од итен прекин на огнот, за воведување на овие мировни сили, а потоа, наводно, ќе зборуваме за териториите, за судбините на луѓето, за другите принципи на решавање. Ова е измама. Не можете да одите до договор чија цел е да се постигне една единствена цел, да се напумпа Украина со оружје“, рече Лавров.
„Облогот на Западот за воено решение е безнадежен“, рече тој.
Зборувајќи за потенцијалното искористување на руските замрзнати средства, тој рече дека Москва ќе има одговор на тоа.
„Прашањето за рускиот имот на Запад нема да исчезне од агендата на преговорите во Украина“, рече Лавров, нагласувајќи дека имотот првенствено е украден од Европејците.
Лавров пристигна во Доха на средба со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани, пренесува Танјуг.
Uncategorized
Мицкоски: Когенеративни гасни електрани преку проектот на „Казанчи холдинг“ ќе го намалат загадувањето

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на новинарското прашање за тоа што планира инвестицијата на „Казанчи Холдинг“ Групацијата од над 1 милијарда евра и кој ќе биде бенефитот за државата, информираше дека важно е што инвестицијата ќе работи по пазарни правила и по пазарни услови. Држава ќе помогнеме во административниот дел.
„Да, тоа е отпочнување на сериозни разговори со оваа реномирана турска компанија „Казанчи Холдинг“. Целта нивна, а и наша цел заедничка, значи целта ни се поистоветува е да изградиме производни капацитети коишто истовремено ќе произведуваат и електрична енергија и топлина. Затоа што само така тие можат да бидат економски исплатливи. Тоа е когенеративен процес. Тоа се гасни електрани коишто произведуваат и топлина и електрична енергија. А топлината, оние делови од Скопје, коишто во моментот не се приклучени на централното греење, ќе можат да ја користат за затоплување на своите домови. Зошто? Затоа што, сите анализи велат дека, најголемата причина, зошто имаме загадување е за жал системот на затоплување на домовите, односно користење на дрва и други типови на фосилни горива или отпад, со што, морам да признам и да заклучам, се загадува животната средина. Не сакам ова да се сфати дека критикувам. Напротив, луѓето немаат избор. Кога луѓето би имале избор, тогаш би било полесно. Но, бидејќи тие немаат избор, никоја Влада претходна не им овозможила избор, тие мораат да ги затоплат своите домови во периодот кога тоа е потребно и се снаоѓаат. И таквото снаоѓање резултира со голема емисија на ПМ2.5 и ПМ10 честички, со што имаме енормно високо ниво на загадување не само во Скопје, туку и во градовите ширум државата. Ова е единствениот начин како можеме ние да го решиме на долг рок, одржлив рок загадувањето, но истовремено и да им понудиме на домаќинствата алтернатива за затоплување на нивните домови. Ќе треба време, периодот е од три до пет години, моја група проценка, но важно е да почнеме. Ако ова се почнало порано, сега ќе било сè поинаку. Но, не се почнало, ние почнуваме. Рековме дека ќе го решиме и почнуваме да го решаваме проблемот. Магионичари не сме, магија тука нема. Ова е инженерски технолошки процес и ќе треба време од три до пет години. Ова е само почеток. Одиме град по град и ќе се обидуваме ваков тип на проекти во секоја од општините, онаму каде што нема организирано централно затоплување, да обезбедуваме, се разбира, да наоѓаме компании кои ќе инвестираат“, објасни Мицкоски.
Премиерот напомена дека ќе нема субвенции надвор од законските и потсети дека во минатото на поедини инвеститори им се даваа енормни повластувања. Се осврна и на тоа дека целта на Владата е да обезбеди затоплување на домовите, онаму каде што е потребно и намалување на емисијата на штетни честички.
„И на крај, да потенцирам, нема никакви субвенции надвор од законските. Нема гарантирани цени, нема гарантирани договори за откуп, нема повластени цени, нема повластени инвеститори, нема стратешки инвеститори итн. Сè се темели на пазарните услови и тоа е главната парадигма зошто влегуваме во овие процеси. Нема како принципот како досега, односно во минатото како што беше, да на поедини инвеститори им се даваат енормни повластувања, да тие бидат ослободувани од разноразни давачки, да државата субвенционира, обезбедува загарантиран откуп итн. Ова е чисто инвестиција којашто ќе работи на пазарни правила и на пазарни услови. Да, ние како држава ќе помогнеме во административниот дел, сè што треба, а е поврзано со државата, согласно законот, ние ќе го помогнеме како процес, ќе го забрзаме итн. Затоа што наша цел е да обезбедиме затоплување на домовите онаму каде што тоа е потребно и намалување на емисијата на штетни честички ПМ2.5 и ПМ10“, изјави премиерот.