Uncategorized
Баросо: Нова визија за ЕУ во нареднте 50 години

Европа има потреба од нова визија што ќе ги инспирира граѓаните во наредните 50 години
Европа има потреба од нова визија што ќе ги инспирира граѓаните во наредните 50 години.
Ова, денеска во Рим, го изјави претседателот на Европската комисија (ЕК) Жозе Мануел Баросо, а по повод свеченоста од 50.годишнината на основање на Унијата, што со други италијански официјални претставници, се одбележува во Сенатот.
“Потребно е да се инспирираат европските граѓани со визија за наредните 50 години. Потребно е да им објасниме дека ЕУ е најдобар одговор за предизвиците во 21.век, како што се глобализација, развој и натпреварувачки дух“, рече Баросо.
Денешната прослава во Рим, во пленарната сала на Сенатот, ја одбележа дебатата на тема „Европа и нејзината улога во светот“, на која учествуваат истакнати европски личности.
На свеченоста, денеска ќе и се приклучат околу 200 младинци, кои ќе се соберат во Рим на Младинскиот самит, своевиден параван на “Собирот на постарите“ или можеби “помалку идеалистичните“ што се одржува викендов во германскиот главен град.
Според најавите, младите ќе усвојат сопствена Декларација паралелно со Берлинската декларација, најавена за в недела.
Истовремено, германската канцеларка Ангела Меркел, чија држава е актуелен претседавач со Унијата, за германски “Билд“ најави дека “Унија треба да формира своја заедничка армија“. Запрашана, како таа гледа на развојот на ЕУ во следните 50 години, Меркел одговори, дека државите во ЕУ треба да станат поблиски и да создадат своја заедничка армија.
Создавањето на ЕУ започна со формирање на Европската заедница за јаглен и челик во 1951 година, во која влегоа Германија, Франција, Италија, Холандија, Белгија и Луксембург. Овие шест држави, на 25.март 1957 година, го потпишаа договорот во Рим, со кој е формирана Европската економска заедница.
Подоцна со Договорот од Мастрихт, што стапи на сила во ноември 1993 година, тогашната Европска Економска заедница ( ЕЕЗ) ја преименува во Европска унија. Оваа спогодба ја втемели и економската и монетарна унија./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Османи ја критикува владата за сервилноста кон српско-рускиот свет и одалечувањето од ЕУ

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска порача дека Македонија веќе ги добила сите неопходни гаранции од Европската унија и дека сега е време за конкретни чекори напред, а не за политички игри.
„Македонија ги доби гаранциите во моментот кога ја дефинираше преговарачката рамка. Таму сите прашања се регулирани. Сега не треба да се злоупотребува темата за ЕУ“, изјави Османи, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата е клучна за нејзината иднина.
Тој предупреди дека историските предизвици и притисоците од „српскиот свет“ продолжуваат да го саботираат напредокот кон ЕУ.
„Сега има две опции – или си со ЕУ или си со српскиот свет, сива зона нема. Тие се меѓусебно поврзани. Секој што прави чекор кон ЕУ, се оттргнува од српскиот свет. И, дали сте забележале? Секој што прави чекор кон ЕУ станува цел на напади“, рече Османи.
Тој се осврна и на историските примери кои го покажуваат длабокото вкоренување на оваа дилема.
„Знаете кога се случи атентатот врз Глигоров? Еден ден откако се врати од Белград и соопшти дека ќе се оттргнеме од Југославија. Знаете ли зошто секој обид за договор со Бугарија и со Грција, или за приближување на земјата кон ЕУ, наидува на демонизација и пропаганда? Затоа што секој чекор кон ЕУ е чекор на оттргнување од српскиот свет. Секој чекор назад е чекор кон српскиот свет“, истакна Османи.
На крајот, Османи ја критикуваше актуелната влада, обвинувајќи ја за блокада на европската перспектива и за сервилност кон српско-рускиот свет.
„Оваа влада ја блокира европската перспектива, затоа сме претворени во бебе на српско-рускиот свет, кој ги има заробено сите инструменти“, заклучи тој.
Uncategorized
(Фото) Ана Ивановиќ јавно ѝ се обрати на својата мајка: Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот

Мајката на Ана Ивановиќ вчера го прослави роденденот, а српската тенисерка јавно ѝ се обрати на социјалните мрежи со заедничка фотографија, на која блескаа во бело издание.
„Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот. Многу те сакам!, напиша Ана.
Ана отсекогаш велела дека мајка ѝ била нејзина најголема поддршка во сите времиња и дека тие две се исклучително блиски.
Иако Драгана не сака да се експонира, често можеме да ја видиме на профилот на ќерка си кога тенисерката пишува пофалби за неа и покажува колку многу ѝ значи таа врска.
Uncategorized
Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.
Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.
Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.
Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.
-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.