Uncategorized
Најмалку 20 жртви во престрелка на универзитет во Вирџинија
Најмалку 20 лица се убиени, а други дваесеттина се повредени во серија престрелки што денеска се случија во студентскиот град на Техничкиот универзитет во американскиот град Блексбург, Вирџинија.
Најмалку 20 лица се убиени, а други дваесеттина се повредени во серија престрелки што денеска се случија во студентскиот град на Техничкиот универзитет во американскиот град Блексбург, Вирџинија.
„Некои од жртвите биле застрелани во училниците“, соопшти шефот на полицијата во Вирџинија, Вендел Фличам, кој додаде дека и напаѓачот е мртов.
Медицински лица од Блексбург за локалните медиуми соопштија дека 17 лица се хоспитализирани поради прострелни рани, од кои едно лице се наоѓа во критична состојба.
Ректорот на универзитетот претходно информираше дека „полицијата уапсила еден од напаѓачите, а трага по евентуални негови соучесници во нападот“
Како што јавуваат локалните медиуми, раководството на универзитетот им наредило на сите студенти да не излегуваат од своите соби како и да стојат подалеку од прозорците.
Во студентскиот град живеат околу 25. илјади студенти, а во моментов сите премини кон градот се затворени.
Блексбург се наоѓа на околу 400 километри југозападно од Вашингтон.
/крај/бг/цнн/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.