Uncategorized
Меркел вети поголема помош за Африка
Идниот самит на осумте најразвиени држави во ветото Г8, со кој претседава Германија, ќе се заложи да зајакне помошта за Африка.
Идниот самит на осумте најразвиени држави во ветото Г8, со кој претседава Германија, ќе се заложи да зајакне помошта за Африка.
Германската канцеларка Ангела Меркел ова синоќа во Берлин му го вети на пеачот од рок групата „U2“ и мировен активист, Боно.
„Ќе се погрижам за тоа, Африка да биде една од главните теми на самитот“ изјави Меркел по средбата со Боно. Таа вети зајакнат ангажман на германската влада за совладување на проблемите во Африка.
„Односите со африканските земји би требало да се претворат во партнерства од кои што ќе произлезат реформи, се со цел да се отстранат проблемите како што се корупцијата и насилството со учество на инвеститори“, изјави Меркел, која додаде дека „Африка не е изгубен континент“.
Боно, во неодамнешно интервју за германскуиот весник „Die Zeit“ изјави дека би било катастрофа доколку Германија, „како голема и влијателна земја“ не би го остварила даденото ветување во рамки на акцијата „Твојот глас против сиромаштијата“, со која што се предвидува намалување на сиромаштијата во светот за 50 отсто.
Боно, во рамки на последниот самит на Г8 одржан во 1998 година во Германија, се заложи за намалување на долгот на земјите во развој./крај/хи/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.