Uncategorized
Буш против одредувањето рокови за повлекување од Ирак

Американскиот претседател Џорџ Буш потврди дека ќе стави вето на предлог законот за финансирање на војната во Ирак, со кој е утврден временски рок за повлекување на армијата.
Американскиот претседател Џорџ Буш потврди дека ќе стави вето на предлог законот за финансирање на војната во Ирак, со кој е утврден временски рок за повлекување на армијата.
Во декларацијата од Белата куќа претседателот Буш, кој е републиканец, изјави дека е разочаран од предлогот на демократите, кои се мнозинство во Конгресот.
Секаква дата за повлекување на американските војници ќе ги зајакне позициите на нашите непријатели и ќе им врзе рацете на нашите генерали, истакна Џорџ Буш.
Согласно необврзувачката резолуција на демократите во Конгресот предвидено е армијата на САД да започне со повлекување Ирак најдоцна на 1 октомври годинава. /крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Меџити во Трубарево: Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време.
Меџити, на чие барање е поставена мерната станица беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Дејан Мирковски.
Министерот Меџити во текот на посетата изврши увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.
Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка.
Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот, и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време.
Uncategorized
Османи ја критикува владата за сервилноста кон српско-рускиот свет и одалечувањето од ЕУ

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска порача дека Македонија веќе ги добила сите неопходни гаранции од Европската унија и дека сега е време за конкретни чекори напред, а не за политички игри.
„Македонија ги доби гаранциите во моментот кога ја дефинираше преговарачката рамка. Таму сите прашања се регулирани. Сега не треба да се злоупотребува темата за ЕУ“, изјави Османи, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата е клучна за нејзината иднина.
Тој предупреди дека историските предизвици и притисоците од „српскиот свет“ продолжуваат да го саботираат напредокот кон ЕУ.
„Сега има две опции – или си со ЕУ или си со српскиот свет, сива зона нема. Тие се меѓусебно поврзани. Секој што прави чекор кон ЕУ, се оттргнува од српскиот свет. И, дали сте забележале? Секој што прави чекор кон ЕУ станува цел на напади“, рече Османи.
Тој се осврна и на историските примери кои го покажуваат длабокото вкоренување на оваа дилема.
„Знаете кога се случи атентатот врз Глигоров? Еден ден откако се врати од Белград и соопшти дека ќе се оттргнеме од Југославија. Знаете ли зошто секој обид за договор со Бугарија и со Грција, или за приближување на земјата кон ЕУ, наидува на демонизација и пропаганда? Затоа што секој чекор кон ЕУ е чекор на оттргнување од српскиот свет. Секој чекор назад е чекор кон српскиот свет“, истакна Османи.
На крајот, Османи ја критикуваше актуелната влада, обвинувајќи ја за блокада на европската перспектива и за сервилност кон српско-рускиот свет.
„Оваа влада ја блокира европската перспектива, затоа сме претворени во бебе на српско-рускиот свет, кој ги има заробено сите инструменти“, заклучи тој.
Uncategorized
(Фото) Ана Ивановиќ јавно ѝ се обрати на својата мајка: Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот

Мајката на Ана Ивановиќ вчера го прослави роденденот, а српската тенисерка јавно ѝ се обрати на социјалните мрежи со заедничка фотографија, на која блескаа во бело издание.
„Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот. Многу те сакам!, напиша Ана.
Ана отсекогаш велела дека мајка ѝ била нејзина најголема поддршка во сите времиња и дека тие две се исклучително блиски.
Иако Драгана не сака да се експонира, често можеме да ја видиме на профилот на ќерка си кога тенисерката пишува пофалби за неа и покажува колку многу ѝ значи таа врска.