Uncategorized
Путин ги нападна странските мешетари

Парите од странство се користат за мешање во руската внатрешна политика, рече претседателот Владимир Путин.
Парите од странство се користат за мешање во руската внатрешна политика, рече претседателот Владимир Путин.
Путин го обвини приливот кеш од оние, за кои рече дека ја користат демократијата како изговор за да се мешаат во политиката
Тој не ги прецизираше одговорните, но во минатото, руските власти го обвинуваа Западот за финансирање на групите кои се противат на Владата, јави Би-Би-Си.
Рускиот претседател овие коментари ги кажа во неговото годишно обраќање до парламентот.
„Постои голем прилив на пари од странство кои се користат за директно мешање во нашата внатрешна политика“, рече Путин.
„Сите не го сакаат стабилниот и постојан раст на шата земја“, рече тој, додавајќи, „некои ја користат демократската идеологија за да се мешаат во нашите внатрешни работи“.
Oвие мешетари, според Путин, сакаат да или да крадат од рускиот народ или да ја нападната нејзината економска и политичка независност.
/крај/ббц/ил/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Гувернерот на Јута: Убијецот на Кирк бил во врска со трансродна цимерка

Истрагата за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк продолжува, а гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот Тајлер Робинсон бил во романтична врска со својата цимерка која е во процес на транзиција од машки во женски пол. Кокс изјави дека таа целосно соработува со ФБИ и не знаела ништо за нападот.
Истражителите проверуваат и порака што Робинсон наводно ја оставил пред атентатот. Според гувернерот, осомничениот бил радикализиран преку „мрачната интернет култура“ и видеоигри, а не преку семејството.
Робинсон (22) доаѓа од конзервативно мормонско семејство во Јута, но последните години неговите ставови се менувале. На чаурите од оружјето биле пронајдени антиидеолошки пораки и мемови од видеоигри, што дополнително ја усложнува сликата за можниот мотив.
Иако бил израснат во републиканско семејство, останува нејасно дали убиството имало политичка позадина. Робинсон е во притвор и очекува официјално обвинение наредната недела.
Uncategorized
Меџити во Трубарево: Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време.
Меџити, на чие барање е поставена мерната станица беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Дејан Мирковски.
Министерот Меџити во текот на посетата изврши увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.
Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка.
Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот, и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време.
Uncategorized
Османи ја критикува владата за сервилноста кон српско-рускиот свет и одалечувањето од ЕУ

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска порача дека Македонија веќе ги добила сите неопходни гаранции од Европската унија и дека сега е време за конкретни чекори напред, а не за политички игри.
„Македонија ги доби гаранциите во моментот кога ја дефинираше преговарачката рамка. Таму сите прашања се регулирани. Сега не треба да се злоупотребува темата за ЕУ“, изјави Османи, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата е клучна за нејзината иднина.
Тој предупреди дека историските предизвици и притисоците од „српскиот свет“ продолжуваат да го саботираат напредокот кон ЕУ.
„Сега има две опции – или си со ЕУ или си со српскиот свет, сива зона нема. Тие се меѓусебно поврзани. Секој што прави чекор кон ЕУ, се оттргнува од српскиот свет. И, дали сте забележале? Секој што прави чекор кон ЕУ станува цел на напади“, рече Османи.
Тој се осврна и на историските примери кои го покажуваат длабокото вкоренување на оваа дилема.
„Знаете кога се случи атентатот врз Глигоров? Еден ден откако се врати од Белград и соопшти дека ќе се оттргнеме од Југославија. Знаете ли зошто секој обид за договор со Бугарија и со Грција, или за приближување на земјата кон ЕУ, наидува на демонизација и пропаганда? Затоа што секој чекор кон ЕУ е чекор на оттргнување од српскиот свет. Секој чекор назад е чекор кон српскиот свет“, истакна Османи.
На крајот, Османи ја критикуваше актуелната влада, обвинувајќи ја за блокада на европската перспектива и за сервилност кон српско-рускиот свет.
„Оваа влада ја блокира европската перспектива, затоа сме претворени во бебе на српско-рускиот свет, кој ги има заробено сите инструменти“, заклучи тој.