Uncategorized
Американското разузнавање со рекорден број дозволи за прислушување
Сите барања на американската Влада за тајно прислушување на осомничени за тероризам и шпионажа, доставени до судот во 2006 година, се прифатени.
Сите барања на американската Влада за тајно прислушување на осомничени за тероризам и шпионажа, доставени до судот во 2006 година, се прифатени.
Ова го јавуваат западните агенции, повикувајќи се на извештај од Министерството за правосудство на САД, од каде дополнуваат дека само во еден случај не била дадена дозвола за прислушување.
Според истите извори, судот за контрола на надворешното разузнавање за една година издал 2.176 наредби за прислушување, што е двапати повеќе од 2000 година.
По терористичките напади на 11 септември 2001 година, бројот на издадени решенија за прислушување постојано расте и во 2006 година го достигнал својот максимум.
Во објавениот извештај на американското Министерство за правда се вели дека од овој ресор немаат податоци за тоа колку често ФБИ ги следи телефонските разговори и банкарските операции на граѓаните, како и работата на интернет, без да има законска дозвола за тоа.
Судот им излегол во пресрет и на сите барања на специјалните служби, кои ја контролираат деловната документација на евентуални терористи или шпиони, при што биле издадени 43 решенија.
Во четири случаи судот барал да бидат внесени промени во барањето, но не е забележан ниту еден случај барањето да биде одбиено.
Американското законодавство дозволува прислушување на телефонските разговори со дозвола на судот.
/крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.