Uncategorized
Светски ден на слободата на медиумите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/5c9696b5-0db3-4fea-8873-98cd976cbdf9.jpeg)
Слободата на печатот, безбедноста на новинарите и неказнувањето на оние што сториле злосторства над новинарите се главни теми на Светскиот ден на слободата на медиумите, што се одбележува денеска.
Слободата на печатот, безбедноста на новинарите и неказнувањето на оние што сториле злосторства над новинарите се главни теми на Светскиот ден на слободата на медиумите, што се одбележува денеска.
Лани во светот се убиени 110 новинари и медиумски работници соопшти Светската асоцијација на весници (ВАН), со седиште во Париз, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3.мај.
Најмногу новинари, лани загинале во Ирак-16, по двајца во Авганистан, Русија, Индонезија и Мексико, а по еден во Бразил, Кина, Гана, Хаити, Перу, Филипини, Сомалија, Турција и Зимбабве.
Минатата година била најопасна за животото на новинарите во последните девет години, се наведува во извештајот на ВАН. Во 2005 година во светот загинале 58 новинари.
Во 2006. година, поради својата работа, на казна затвор се осудени 134 новинари, соопшти Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк.
УНЕСКО, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, централната свеченост ќе ја организира во градот Меделин, во Колумбија, родното место на новинарот Гилермо Кан. Во негова чест оваа организација веќе десет години ја доделува наградата за слобода на медиумите
Гилермо Кан, директор на колумбискиот дневен весник „Еспектадор“, беше убиен на 17 декември 1986 година во Богота, а неговите убијци никогаш не беа пронајдени.
Извештајот на организацијата „Frееdom Hоusе“ по повод 3.мај – Денот на слободата на медиумите, содржи генерална оценка дека во Македонија има делумна слобода на медиумите.
Глобално, во 2006. година во светот дојде до континуирано намалување на слободата на медиумите, а особено загрижувачки трендови се забележани во Азија, во државите на поранешниот Советски Сојуз и во Латинска Америка, се наведува во годишната анализа на „Фrееdom Hоusе“.
/
крај
/
ап
/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Средба на претседателот Африм Гаши со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/gashi-silvestri2.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Репубика во РС Македонија.
Амбасадорот Силвестри му го честиташе изборот на Гаши за претседател на Собранието, како претседател избран со забележителен број гласови, посакувајќи му успешна работа и подвлекувајќи го демократскиот механизам на самиот избор. Притоа, му врачи честитка од претседателот на Италијанскиот сенат, Игнацио ла Русa, со желби за успех во натамошната работа.
Претседателот Гаши го запозна амбасадорот со тековните активности на законодавниот дом, претстојното формирање на комисиите и другите работни тела, и очекувањето за брзо формирање на новата Влада. Истакна дека како одговорен претседател ќе остане отворен за соработка со сите политички партии претставени во Собранието, бидејќи сите треба да работат за доброто на граѓаните и државата во целина. Во контекст на билатералната соработка меѓу двете земји, претседателот истакна дека високо ја вреднува соработката со пријателска Италија, земја силен поддржувач на РС Македонија на евроинтеграцискиот пат.
Амбасадорот Силвестри го информираше претседателот за постојните релации на планот на меѓупарламентарната соработка и изрази надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина по формирањето на пратеничката група во Собранието за соработка со Италијанскиот парламент. Беше споменато и неодамнешното одблежување на 30 години од воспоставените дипломатски односи меѓу Италија и Република Северна Македонија, при што амбасадорот му подари примерок од Публикацијата отпечатена по овој повод.
Двајцата соговорници разменија мислења за идната законодавна агенда, фокусот кон евроинтеграцијата на земјата и улогата на Собранието во тој процес, задржувањето на конструктивен и пријателски однос со сите соседи и градење на мостови на соработка со земјите од целот регион.
Uncategorized
Се обиделе да ограбат црква, па го нападнале клисарот: уапсени разбојници во Радовиш
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/црква.jpg)
Вчера во 13.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш.
Тие се сомничат дека околу 07.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото.
Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/thumbnail_Slika-1.jpg)
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.