Uncategorized
Покренати првите налози за апсење на одговорните за Дарфур
Меѓународниот казнен суд ги издаде првите налози за апсење на лицата осомничени за воени злосторства во Дарфур, во Судан.
Меѓународниот казнен суд ги издаде првите налози за апсење на лицата осомничени за воени злосторства во Дарфур, во Судан.
Налозите, како што пренесуваат агенциите, се издадени за апсење на Ахмед Харун, некогашен министер за внатрешни работи на Судан, како и за командантот на милицијата Али Мухамед Абд-ал-Рахман, познат како Али Кушхајб.
Во соопштението од судот се наведува дека обвинителот Луис Морено-Окампо утврдил дека постои „вистинска причина да верува“ дека тие двајцата се одговорни за убиства, силувања и измачувања, за присилно раселување на села, како и за други злосторства против човештвото во Дарфур.
Обвинителството Харун и Кушхајб во февруари ги именуваше како први осомничени за злосторството во 2003 година во Дарфур, кога бунтовниците се кренаа против владините сили, при што загинаа 200.000 луѓе.
Судан против востанието се бореше на тој начин што вооружуваше милиции, кои, според обвинението, ги направија некои од најстрашните воени злосторства.
/крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.