Uncategorized
Поплаки за Бугарија и Романија во ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/c2ef65dd-73c1-4030-8b5f-cea66b6d72d5.jpeg)
Четири влијателни членки на ЕУ вложија протест до Европската комисија (ЕК) барајќи од неа да преземе цврст курс кон Бугарија и Романија во однос на борбата против корупцијата.
Четири влијателни членки на ЕУ вложија протест до Европската комисија (ЕК) барајќи од неа да преземе цврст курс кон Бугарија и Романија во однос на борбата против корупцијата.
Протестот го вложија Велика Британија, Холандија и Шведска, а кон него се приклучи и Франција, објави германското издание на весникот „Фајненшл тајмс’, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори во Брисел.
Дипломатските извори посочуваат дека во поплаката што до ЕК ја вложиле трите земји бараат Бугарија и Романија да бидат беспоштедни во борбата против корупцијата.
Според весникот оваа жалба е предвесник на дискусијата за евентуално примена на заштитни клаузули за двете новопримени членки на Европската унија во областа на правосудството.
Според европски дипломати, протестот на четирите држави има и други димензии. Франција и Холандија, од една страна, се многу скептични во однос на прием на нови членки, додека Шведска и Велика Британија интензивно поддржуваат натамошно ширење на ЕУ.
Во Брисел се оценува дека четирите земји се здружиле поради загриженост дека проблемите со Бугарија и Романија можат да имаат негативни последици за приемот на други земји, а најмногу за Турција.
/крај/бгнес/дв/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/bugarija-policija.jpg)
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.