Uncategorized
Авганистанските власти ги повикаа талибанците на преговори
Властите на Авганситан денеска го повикаат талибанците на преговори и притоа им гарантираат дека нема да бидат уапсени додека траат преговорите.
Властите на Авганситан денеска го повикаат талибанците на преговори и притоа им гарантираат дека нема да бидат уапсени додека траат преговорите.
„Уште еднаш повторувам во името на претседателот дека вратите за преговори се отворени за сите Авганистанци, вклучително и з аталибанците“, изјави портпаролот на претседателот Хамајун Хамидзада. /
макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете
Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија страшна трага на уништување од Романија до Полска, со тони кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и на крајот од драмата во срцето на Европа, сметките за штети ќе се мерат во милијарди долари.
Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на зградите.
Германија им дојде на помош на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.
“If you see German soldiers, don’t panic. They’re here to help,” says Polish PM @donaldtusk after announcing that German troops were volunteering to help tackle the floods in Poland pic.twitter.com/h8XwO2egG3
— Daniel Tilles (@danieltilles1) September 19, 2024
„Ако видите германски војници, не паничете. Дојдоа да помогнат“, рече тој.
Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.
За време на германската окупација 6 милиони Полјаци ги загубија животите, а повеќе од илјада села и градови беа срамнети со земјата.
Uncategorized
(Видео) Во БиХ падна првиот снег
Во Босна и Херцеговина падна првиот снег на планините Бјелашница, Јахорина и Влашиќ. До утрово остана само на Јахорина, покажуваат веб-камерите.
Според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки завод денеска во БиХ ќе биде претежно облачно.
Претпладне се очекуваат врнежи од дожд низ земјата, а на планините можен е и слаб снег.
Вака изгледаше Бјелашница синоќа.
Uncategorized
„Како политичари, наша задача е да ги насочуваме нашите народи кон иднина што ги надминува историските предизвици и ја прифаќа колективната европска судбина“, Муртезани на БИФ форумот во Подгорица
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, попладнево учествуваше на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој од 12-ти до 14-ти септември 2024 година, се одржува во Подгорица, Црна Гора.
На панелот со тема „Политички и технички преглед на процесот на интеграции во ЕУ на секоја од земјите на Западен Балкан“, министерот Муртезани се осврна на комплексниот евроинтегративен пат, кој има огромно политичко и економско значење за Западен Балкан.
„Овој процес, кој ја поврзува иднината на нашиот регион со визијата за обединета Европа, не е само бирократска вежба на исполнување зададени обврски; туку е чисто политички потфат. Претставува егзистенцијален избор, кој има за цел да ги преструктуира општествата, да поттикне стабилност и да ги вгради начелата на демократијата, владеењето на правото и заедничкиот просперитет во ткивото на нашите нации.“ – нагласи Муртезани.