Uncategorized
Мурињо сензационално се раздели со Челзи
Менаџерот на лондонскиот фудбалски клуб Челзи, Жозе Мурињо сензационално се раздели од својот клуб по само шест одиграни кола во новата сезона на премиер лигата.
Менаџерот на лондонскиот фудбалски клуб Челзи, Жозе Мурињо сензационално се раздели од својот клуб по само шест одиграни кола во новата сезона на премиер лигата.
Веста е објавена на официјалната интернет страна на Челзи, во која преку штуро соопштение се информира јавноста дека двете страни договорно се разделиле.
Краткото комунике отвори многу прашања и непознаници, но никој во Челзи изутрината не е расположен за коментар.
Според медиумите, неколку фудбалери на Челзи, меѓу кои и капитенот Џон Тери добиле СМС порака од Мурињо, во која ги информирал дека повеќе не е нивен тренер.
Португалецот имаше договор со Челзи до 2010 година, а во лондонскиот клуб дојде во 2004 година, кога негов сопственик стана рускиот милијардер Роман Абрамович.
Мурињо е најуспешниот тренер во историјата на клубот. Со неговото доаѓање Челзи од просечен англиски прерасна во силен европски клуб и ја наруши хегемонијата на Манчестер Јунајтед и Арсенал во англиската премиер лига.
Поранешниот тренер на Порто, уште во првата сезона му ја донесе шампионската титула на Челзи, која што беше одбранета и наредната година, но во 2007 година шампион стана Манчестер Јунајтед.
Под раководство на Мурињо, Челзи оствари супериорен биланс во 120 натпревари во премиер лигата, забележувајќи 85 победи, 25 нерешени и само 10 порази.
Клубот на Роман Абрамович стартуваше неуспешно во новата сезона на Лигата на шампионите играјќи само 1:1 на домашен терен против аутсајдерот Розенборг.
Слабиот резултат Мурињо го оправда во негов стил со зборовите „не може да се направи омлет без јајца“, алудирајќи дека неколку клучни фудбалери не настапиле поради повреда.
/крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Австралија воведува построги закони за оружје по масакрот во Сиднеј
Долниот дом на австралискиот парламент денес усвои закони со кои се воведува програма за откуп на оружје и построги контроли за лиценцирање како одговор на масовното пукање за време на еврејскиот празник Ханука кон крајот на минатата година.
Законите беа усвоени од Претставничкиот дом со 96 гласа „за“ и 45 „против“ и сега се испраќаат до Сенатот.
„Нападот на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица, беше дело на поединци со омраза во срцата и оружје во рацете“, рече министерот за внатрешни работи Тони Бурк додека ги претставуваше законите.
„Оваа трагедија бара одговор од целата влада. Мора да направиме сè што можеме за да се соочиме и со мотивацијата и со методот“, рече министерот.
Новите мерки вклучуваат национална програма за откуп за намалување на бројот на оружје кај населението. Покрај тоа, постојат планови за воведување построги проверки пред државите да издаваат дозволи за оружје, користејќи информации што ги поседува Австралиската безбедносно-разузнавачка агенција.
Според владини бројки, минатата година во Австралија имало 4,1 милион парчиња огнено оружје, од кои 1,1 милион во Нов Јужен Велс, најнаселената држава каде што се случи пукањето на Ханука.
Покрај тоа, Нов Јужен Велс донесе свој сет закони со кои се ограничува бројот на огнено оружје по лице на четири. Исклучок се земјоделците, кои се ограничени на десет. Понатаму, сопствениците на огнено оружје ќе мора да ги обноват своите дозволи по две години, наместо сегашните пет.
„Бројот на огнено оружје што моментално циркулира во австралиската заедница е неодржлив“, рече Бурк.
Опозицијата ја критикува владата
Поддршката не ја дадоа конзервативните пратеници од опозицијата, кои ја обвинија лабуристичката влада на премиерот Ентони Албанез дека не успеала соодветно да се справи со растечкиот антисемитизам.
Парламентот, на барање на премиерот, го прекина летниот одмор за да дебатира за законите. На дневен ред е и предлог со кој би се намалил прагот за гонење на говорот на омраза.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.

