Uncategorized
Убиени најмалку 17 лица во престрелката на „Блекуотар“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/c3dadaf1-3e84-41f9-9276-398751f06f0a.jpeg)
Најмалку 17 лица загинале, а 24 биле ранети во крвавата престрелка на претставници од американската компанија за обезбедување „Блекуотар“што се случи на 16. септември во Багдад.
Најмалку 17 лица загинале, а 24 биле ранети во крвавата престрелка на претставници од американската компанија за обезбедување „Блекуотар“што се случи на 16. септември во Багдад.
Ова го објави денешното издание на весникот „Њујорк Тајмс“ повикувајќи се на очевидци, ирачки истражители и американски службеници.
Првичните информации за инцидентот говореа дека бројот на загинати во престрелката бил 10 лица, што предизвика гнев кај ирачката јавност.
Според „Њујорк Тајмс“ инцидентот започнал кога чувар од „Блекуотр“ што ја обезбедува амбасадата на САД во Ирак, отворил оган кон автомобил на лекар, придружуван од својата мајка, при што бил убиен.
Автомобилот без контрола почнал да се движи кон обезбедувањето, така што тоа почнало повторно да пука и ја убиле и мајката на лекарот, како и други лица кои се нашле во близина на настанот.
Набрзо по првиот огнен напад, обезбедувањето од „Блекуотр“ отворило нов оган на неколку стотини метри од местото на претходниот настан, за што досега воопшто не беше соопштено, наведува весникот./крај/бг/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);