Uncategorized
Врховниот суд дозволи избори во Пакистан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/c56a6def-7280-445b-bb7c-44a4929120da.jpeg)
Пакистанскиот Врховен суд допушти одржување на претседателски избори утре, но забрани објавување на резултатите се додека не се донесе правно толкување за кандидатурата на шефот на државата.
Пакистанскиот Врховен суд допушти одржување на претседателски избори утре, но забрани објавување на резултатите се додека не се донесе правно толкување за кандидатурата на шефот на државата.
Истовремено, владата се откажа од обвиненијата за корупција против бившата премиерка Беназир Буто.
Во Пакистан шефот на државата се бира со тајно гласање на 342 пратеници на долниот дом на Парламентот, стотина пратеници во Сенатот, како и со гласовите на советниците од четирите покраински собранија.
Резултатите ќе бидат соопштени подоцна откако судот ќе ги разгледа уште двете петиции поднесени против претседателот Первез Мушараф од страна на опозицијата.
Пакистанската Влада денеска го прифати „мировниот налог“, со кој државата се откажува од судски прогон на бившата премиерка Беназир Буто, со што таа ќе може да се врати во земјата без страв да биде уапсена.
Мушараф, на чиј реизбор се противи опозицијата, повторно се натпреварува по осум години на власт што ја освои со државен удар без пролевање крв.
/крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);