Uncategorized
Светското богатсво порасна на 100 билиони долари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/711af518-afc4-4fed-ad60-d1bf34998140.jpeg)
Светското богатство лани пораснало за 7,5 насто на речиси 100 билиони долари, а над 70 проценти е концентрирано во Европа и во Северна Америка.
Светското богатство лани пораснало за 7,5 насто на речиси 100 билиони долари, а над 70 насто е концентрирано во Европа и во Северна Америка.
Ова, како што пренесуваат агенциите го покажа најновото истражување на компанијата Boston Consulting Group, извршено во 62 држави врз 111 побогати менаџери.
Според анализата богатството и натаму најмногу се трупа во Северна Америка, која има 36,2 билиони долари. Следи Европа со 33 билиони долари. Северна Америка и Европа заедно поседуваат 71 насто од светското богатсво, а во нив живеат 27 насто од сите домаќинства.
По богатството следува Јапонија со 11,9 билиони долари, па Азија и Пацификот со 10,6, додека најсиромашен регион, според истражувањето е Латинска Америка со 3,4 билиони долари.
Најголем растеж на богатството годишно имаат Кина и Бразил, а зад нив следуваат Унгарија, Полска, Словачка и Чешка.
Бројот на домаќинства со милионери лани пораснало за 14 проценти на 9,6 милиони. Помалку од еден процент од светските домаќинства во рацете држат 33,2 билиони долари, односно третина од светското богатство. Половина од нив живеат во Северна Европа, четвртина во Европа и петина во Азија.
/крај/фи/м
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);