Uncategorized
Европјани во Чад осомничени за трговија со деца
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/d21f4687-4570-4c36-a5c7-c0a7aa1e9ae6.jpeg)
Околу 17 Европјани, членови на невладини организации во Чад, чекаат обвинение под сомневање дека се обиделе да тргуваат со деца и човечки органи, јавуваат светските агенции.
Околу 17 Европјани, членови на невладини организации во Чад, чекаат обвинение под сомневање дека се обиделе да тргуваат со деца и човечки органи, јавуваат светските агенции.
Европјаните, од кои деветмина се Французи, се наоѓаат во притвор во Чад во очекување на обвинение за обид нелегално да пренесат 103 деца од источниот дел на државата, во Франција.
Француските власти остро ги осудија акциите на француските невладини организации, кои властите во Чад ги обвинија за обид да ги киднапираат децата, и да ги предадат на педофилски мрежи и трговци со човечки органи.
Според шефот на француската држава Николас Саркози, операциите на невладините организации се “нелегални и неодговорни“.
Претставниците на невладините претставници, пак, тврдат дека главната цел им била да ги префрлат сирачињата од небезбедни зони, наведувајќи оти децата се болни.
Претставници на УНЕСКО во Чад, сепак, велат дека голем дел од овие деца имаат родители и оти се во добра здравствена состојба.
Властите во Париз, посебно дипломатските служби, сториле се “да ја спречат операцијата на организацијата“, а другите министерства и француски дипломатски претставништва во светот се известени, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
/крај/б92/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);