Uncategorized
Најмалку 550 мртви во циклонот во Бангладеш
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/68d50db0-044b-4717-b1d9-1a3b90b2b5d6.jpeg)
Најмалку 550 лица загинаа во разорниот тропски циклон што синоќа го зафати јужниот дел на Бангладеш, јави локалната телевизиска мрежа АТН Бангла.
Најмалку 550 лица загинаа во разорниот тропски циклон што синоќа го зафати јужниот дел на Бангладеш, јави локалната телевизиска мрежа АТН Бангла.
Ветровите со брзина 240 километри на час, проследени со поројни дождови и високи бранови на југозападниот брег на Бангладеш оставија зад себе пустош, предизвикувајќи огромна материјална штета.
Стотина рибарски бродови останаа заробени во брановите на Бенгалскиот залив, кои не успеаа навреме да се вратат до брегот.
Циклонот Сидр, според последните информации, почна да ја губи силата и како тропска бура се движи кон северозападниот дел на Бангладеш.
Пред циклонот беа евакуирани околу 650 илјади луѓе, а југозападните делови на земјата се без струја и телефонски врски.
Бангладеш често го погодуваат циклони. Најсмртоносен бил циклонот од 1970 година, кога загинале половина милион луѓе, како и невремето во 1991 година, кога во таа сиромашна азиска држава животите ги загубија 138 илјади лица.
/крај/ста/м
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);