Uncategorized
Турската армија доби дозвола да влезе во северен Ирак
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/a0103ed5-c82c-4066-9a81-b0d3d6c5ebe1.jpeg)
Турската Влада и дозволи на Армијата да преземе трансгранична операција против курдските бунтовници, чии што бази се наоѓаат во северен Ирак, соопшти турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Турската Влада и дозволи на Армијата да преземе трансгранична операција против курдските бунтовници, чии што бази се наоѓаат во северен Ирак, соопшти турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
„Одлуката на Владата беше донесена на 28. ноември, а откако доби одобрение од претседателот Абдула Ѓул, нашите вооружени сили добија слобода да преземат трансгранична операција“, изјави Ердоган за локалните медиуми.
Тој, како што јавуваат турските медиуми, не објаснил дали воената операција е неизбежна.
Турција распореди околу 100 илјади војници во близина на границата со Ирак, како и голем број тенкови, артилерија и воени авиони.
Турскиот Парламент на 17. октомври одобри резолуција, со која што на Владата и се дава законско право да нареди трансгранична воена операција, доколку одлучи дека тоа е неопходно.
/крај/бг/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);