Uncategorized
Весникот “Сан“ објави слики на Садам Хусеин во гаќи, САД најавуваат истрага
Американската војска денеска најави дека ќе спроведе истрага за да го открие виновникот за фотографиите на соборениот ирачки претседател Садам Хусеин во долна облека, објавена во денешниот број на британскиот весник “Сан“.
Американската војска денеска најави дека ќе спроведе истрага за да го открие виновникот за фотографиите на соборениот ирачки претседател Садам Хусеин во долна облека, објавена во денешниот број на британскиот весник “Сан“.
“Засега не знаеме кој можел да ги сними тие фотографии“, се вели во армиското соопштение.
Во истиот текст понатаму се вели дека фотографиите “би можеле да бидат постари повеќе од една година“ и дека би можеле да претставуваат “кршење на прописите на Министерството за одбрана и на Женевската конвенција за постапување спрема затворениците“.
Американската војска изрази разочарување дека некој од лицата задолжени да го чуваат Садам Хусеин би можел да ги направи фотографиите и да ги достави до весниците.
“Сан“ во денешниот број тврди дека ги објавил “првите воопшто снимени“ фотографии на Садам Хусеин во затвор.
На една од фотографиите поранешниот ирачки претседател е во долна облека, во друга како ја пере облеката, во третата е со загрижен изглед на лицето, додека на четвртата фотографија е снимен како спие.
Весникот тврди дека фотографиите ги добил од “американски воени извори“ што му ги предале “со надеж дека со тоа ќе им нанесат удар на бунтовниците во Ирак“.
Садам Хусеин, кој беше уапсен во Ирак од страна на американските војници во 2003 година чека во затвор за да му се суди за злосторства против човештвото. Датумот на почетокот на судењето уште не е познат. /крај/хн/ст/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.