Uncategorized
Родителите на Ходорковски велат дека судот се занимава со „глупости“
Родителите на Михаил Ходорковски, поранешниот газда на Јукос, ја напуштија судницата пред завршување на рочиштето на кое, веќе петти ден по ред, се читаше пресудата во обединетиот случај против Ходорковски, Платон Лебедев и Андреј Крајнов.
Родителите на Михаил Ходорковски, поранешниот газда на Јукос, ја напуштија судницата пред завршување на рочиштето на кое, веќе петти ден по ред, се читаше пресудата во обединетиот случај против Ходорковски, Платон Лебедев и Андреј Крајнов.
„Судот се занимава со глупости и се чини дека се подготвува да напише книга за тоа како да се развие бизнис во Русија“, им изјави на новинарите Борис Ходорковски, татко на шефот на Јукос.
Петтиот ден од читањето на пресудата, судиите, слично како и во изминатите четири денови, се менуваа при читањето на доказите што ги товарат обвинетите и не успеаја повторно да прочитаат повеќе од 30 страници, им изјави на новинарите адвокатот на Лебедев, Елена Липцер. Таа потврди дека објавувањето на пресудите ќе продолжи и во понеделник.
Читањето на пресудите на Ходорковски, челникот на „Менатеп Лебедев“ и на поранешниот главен директор на „Волна Крајнов“, според адвокатите, би можело да трае долго.
Ходорковски и Лебедев се обвинети за измама, проневера и затајување данок, со што, според наводите на обвинението, ја оштетиле државата за близу една милијарда долари. Тие, истовремено, се обвинети за здружување во злосторничка организација. Андреј Крајнов се товари за измама. /крај/ хин/тт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.