Uncategorized
МААЕ во посета на оштетената нуклеарка во Јапонија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/22e90f1b-5c41-48d4-af51-5df7c1cd904e-2.jpeg)
Експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ) денеска ја посетија најголемата нуклерна централа во светот Каживазаки-Кариви која престана со работа по земјотресот во Јапонија.
Експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ) денеска ја посетија најголемата нуклерна централа во светот Каживазаки-Кариви која престана со работа по земјотресот во Јапонија.
Како што јавуваат медиумите, група од 12 експерти ќе ги прегледа местата во централата, кои што не можеа да бидат прегледани при првата посета во август минатата година, неколку дена по силниот земјотрес на подрачјето на Нигата, во централниот дел на Јапонија.
„Сакаат да ја прегледаат внатрешноста на реакторот и да се запознаат со резултатите од нашите испитувања“, изјави првиот човек на јапонското министерство за индустрија Масахиро Јаги.
Филип Јамет, водач на делегацијата на МААЕ, при првата посета на централата рече дека нуклеарката ќе проработи за неколку месеци, а можеби и за година. Јапонската влада потоа напомна дека тоа би можело да се случи и по две години.
Земјотресот со јачина од 6.8 степени според Рихтер, чиј епицентар беше на само девет километри од нуклеарната централа Каживазаки-Кариви, предизвика помал пожар во трансформаторот и помало истекување на радиоактивна вода.
/крај/хн/ст
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);