Uncategorized
Италијанската мафија пренела стотици милиони евра во Германија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/116e7f17-da16-4e78-9bc4-a66024ffb67f.jpeg)
Италијанската мафија пренела стотици милиони евра во Германија со цел да се заштити од можното конфискување на имотот во Италија.
Италијанската мафија пренела стотици милиони евра во Германија со цел да се заштити од можното конфискување на имотот во Италија.
Ова го тврди заменик обвинителот на Палермо, Роберто Скарпинато во интервју за германскиот весник „Ди Цајт“.
Преносот на средствата започнал во 1982 година, кога во Италија на сила стапи закон, кој што дозволува конфискација на имотот на лица осомничени за вмешаност во мафијата, појаснува Скарпинато.
„Од тогаш лидерите на сицилијанската мафија одлучија голем дел од богатството да го инвестираат во Германија, како на пример на тајни банкарски сметки или во недвижен имот“, наведува заменик обвинителот.
Скарпинато посочува дека правосудството планира да ги открие трагите на тие пари, стотици милиони евра, за што ќе биде потребно да се пронајдат луѓето од опкружувањето на мафијата.
Според заменик обвинителот, единствена ефектна мерка за решавање на тоа прашање е поставување на систем за прислушување.
/крај/бг/ам
Copyright 200
8
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);