Uncategorized
Еврото достигна рекордни 1,50 долари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/ac2f8b8e-87de-4567-a843-c847bab4e8ac.jpeg)
Американскиот долар го достигна најниското историско ниво во однос на еврото, пробивајќи ја психолошката бариера од 1,50 долари за едно евро.
Американскиот долар го достигна најниското историско ниво во однос на еврото, пробивајќи ја психолошката бариера од 1,50 долари за едно евро.
Најновиот пад на доларот во односот на еврото уследи по најновите информации дека американската економија ќе навлезе во рецесија, а Федералните резерви продолжуваат со намалување на клучната каматна стапка.
Слабеењето на доларот предизвика и нов рекорд на цената на нафтата, која од синоќа се продава по 101 долар за барел.
Истовремено индексот со кој се мери довербата во американската економија, што го објавува „Conference Boаrd“, во февруари падна на 75 поени, што е рекордно најниско ниво за последните пет години.
Според американскиот претседател Џорџ Буш американската економија не се наоѓа во криза туку бележи забавување на темпото на растот.
/крај/бг/ап/
Copyrigh
t 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);